Живот и дело

Книжевник по потекло од село Пископие, Дебарско (денес во Албанија). Заедно со брат му Никола Милошев препишале Пролог, што е засведочено со запис од раката на поп Јоан.

Книжевник по потекло од село Пископие, Дебарско (денес во Албанија). Заедно со брат му Никола Милошев  препишале Пролог, што е засведочено со запис од раката на поп Јоан. Прологот денес се чува во ракописната збирка на Зографскиот манастир под бр. 47. Значаен е бидејќи го содржи преписот на најстарото Кратко житие на Св. Наум Охридски (за 23 декември), пишувано од негов ученик за време на деволскиот епископ ...

  • Автор

    ЈОАН МИЛОШЕВ

  • XV век - XV век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Пролог, со словенски превод на Проложно житие на Св. Климент Охридски од Димитриј Хоматијан. XV век. Света Гора: Зографски манастир, бр. 47.


Библиографија

Иванов, Йордан. 1970. Български старини из Македония. София: БАН, стр. 240, 305-306, 316-321; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2001. Македонската книжевност во XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 175-176; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2002. Оригинални книжевни состави во македонскиот XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 103-105; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ, стр. 255-256.