Живот и дело

Книжевник од кругот на Кратовската книжевна школа, кој дејствувал во градот Кратово.

Книжевник од кругот на Кратовската книжевна школа, кој дејствувал во градот Кратово. Тука извршил препис на Панегирик. Податоците за него ги добиваме од записот врз ракописот на л. 307, во кој информира дека дејствувал во Кратово и дека бил ученик на неименуван јероѓакон, што значи дека бил подготвуван за својата книжевна дејност од опитен и досега неидентификуван книжевник во рамките на Кратовската книжевна школа. Панегирикот денес се чува во Зографскиот манастир...

  • Автор

    ЃУРО

  • краjот на XV век - првата половина на XVI век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

 Преписи: 

Панегирик. краj на XV – првата половина на XVI век. Света Гора: Зографски манастир, бр. 109.


Библиографија

Иванов, Йордан. 1970, Български старини из Македония. София: БАН, стр. 241; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ, стр. 257.