Живот и дело

Опитен и плоден книжевен деец кој главно работел во црквата „Св. Никола“ во село Војнег, Пробиштипско.

Опитен и плоден книжевен деец кој главно работел во црквата „Св. Никола“ во село Војнег, Пробиштипско. Неговите ракописи биле наменети за Лесновската манастирска библиотека или за индивидуални потреби на некои свештеници од околните парохиски цркви, што зборува за интензивните контакти на книжевникот со едуцирани и влијателни луѓе од тоа време. Иако не се докрај идентификувани сите ракописи што произлегуваат од негова рака, се претпоставува дека тој де...

  • Автор

    ЈЕРОМОНАХ ФИЛИМОН

  • крајот на XV век - првата половина на XVI век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи: 

Службен минеј за месеците мај и април, крај на XV век. Софија: НБ, сигн. 69/1939, бр. 899; Псалтир со последование. 1510/1520. Белград: УБ „Светозар Марковиќ“, Ќоровиќ бр. 9; Псалтир со последование. 1551. Белград: УБ „Светозар Марковиќ“, Ќоровиќ, бр. 11; Апостол. 1551. Белград: УБ „Светозар Марковиќ“, Ќоровиќ, бр. 6.


Библиографија

Иванов, Йордан. 1931. Български старини из Македония. София: БАН, стр. 165; Каранов, Ефрем. 1896. „Паметници отъ Кратово“ во:  СбНУНК, кн. 13. София: Министерство на Народното Просвѣщение, стр. 277; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 264-265; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 41-46; Стојановић, Љуба. 1986. Стари српски записи и натписи, књ. 4, бр. 6210, фот. изд. Београд: Просвета: Српска књижевна задруга, стр. 41-42.