Во расказите и романите на Сотир Гулески доминира темата на животни судбини со социјални и морални аспекти на градскиот човек.
Во расказите и романите на Сотир Гулески доминира темата на животни судбини со социјални и морални аспекти на градскиот човек.
ГУЛЕСКИ, СОТИР (Прилеп, 28.VIII 1917 – 20.VI 1985, Скопје), македонски раскажувач, романсиер, книжевен преведувач.
Основно образование и гимназија завршува во Прилеп, а Трговска академија во Битола. Работел како економист. Член е на ДПМ од 1959.
Своето прво дело, романот Меѓа, Сотир Гулески го објавува во 1959 година. До 1985 година Гулески објавува уште осум книги раскази и романи. Во расказите и романите на Сотир Гулески доминира темата на животни с...
СОТИР ГУЛЕСКИ
28.VIII 1917, Прилеп - 20.VI 1985, Скопје
современа книжевност
автор проза роман расказ
Меѓа. 1959 (роман); Прекршен ’рбет. 1960 (роман); Фурии 1. 1962 (роман); Фурии 2. 1972 (роман); Висорамнина на ровјите. 1975 (раскази); Фурии 3. 1977 (роман); Фурии 4. 1979 (роман); Им се суди на дивите ветришта. 1982 (роман); Распаќа на шест утоки. 1985 (раскази).
Бошковски, Петар. Т. 1959. „Во распонот помеѓу обидот и парцијалните стојности“. Разгледи бр. 3, стр. 304-308.
Друговац, Миодраг.1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла.
Митрев, Димитар. 1963.„Почеток на сложен романсиерски зафат“. Современост бр. 4, стр. 254-265.