Живот и дело

Епископ на Пелагонија и Прилеп во втората половина на XVI век. Автор е на првиот словенски превод на познатото дело Θησαυρός (Сокровиште) на Дамаскин Студит.

Епископ на Пелагонија и Прилеп во втората половина на XVI век. Автор е на првиот словенски превод на познатото дело Θησαυρός (Сокровиште) на Дамаскин Студит. Јазикот на преводот е традиционален со примеси на македонски народен говор. Преводот е работен врз основа на едно од трите први венецијански изданија на ова популарно дело направени во периодот на 1557-1562 г. Во подоцнежните изданија на Сокровиште биле вклучени слова ...

  • Автор

    ГРИГОРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ

  • XVI век - XVI век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преводни творби:

Θησαυρός (Сокровиште) на Дамаскин Студит.


Библиографија

Илиевски, Хр. Петар. 1971. „Григориј Пелагониски како преведувач од грчки“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, бр. 23, стр. 447-448; Илиевски, Хр. Петар. 1972. Крнински дамаскин, Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“; Илиевски, Хр. Петар, Илиевска, Красимира. 2015. Киевски дамаскин/Kiev Damaskinos. Скопје: МАНУ; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ: 290; Угринова-Скаловска. Радмила. 1975. Дамаскини: македонски преводи од 16 до 19 век. Скопје: Матица македонска.