Живот и дело

Еден од првите македонски печатари, кој во 1566 г. во Венеција во обновената печатница на Божидар Вуковиќ, отпечатил Часослов на црковнословенски јазик.

Еден од првите македонски печатари, кој потекнува од свештенички род од Камена Река (денешна Македонска Каменица). Во 1566 г. во Венеција во обновената печатница на Божидар Вуковиќ, отпечатил Часослов на црковнословенски јазик. Скромните податоци за себе ги остава во поговорот кон оваа книга. На крајот од поговорот одбележува кога почнал да ја пишува книгата – 15 мај 1566 г. и дека ја завршил на 30 август во „веленарочниот“ град Венеција. Книгата...

  • Автор

    ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА

  • XVI век - XVI век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

 Печатено дело:

Часослов. 1566. Венеција: Печатница на Божидар Вуковиќ; Псалатир со последование, Молитвеник и Различни потребии, печатени помеѓу 1569 и 1572: Печатница на Јеролим Загуровиќ.


Библиографија

Георгиевски, Михајло. 1972. Македонската печатарска дејност (1515-1913), Скопје: Мисла, стр. 30-31; Георгиевски, Михајло. 1997. „Новооткриени изданија на Ѓураќ Црнојевиќ и Божидар Вуковиќ во Македонија со посебен осврт на првата печатена книга од македонскиот печатар Јаков од Камена Река“ во: Прилози од старата македонска книжевност и култура, кн. 1. Скопје: Менора: стр. 247-253; Миронска-Христовска, Валентина. 2005. Просветителството во Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 185-186; Миронска-Христовска, Валентина. 2020. „Книгите како културно наследство во библиотеките и читалиштата на градот Скопје (XVI-XIX век)“. Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско. Зборник на трудови. Скопје: ИМЛ, стр. 35-53.