Живот и дело

Книжевник и монах кој дејствувал во манастирот „Св. Никола“ во с. Градиште, Прилепско.

Книжевник и монах кој дејствувал во манастирот „Св. Никола“ во с. Градиште, Прилепско. Во овој манастир, кој не постои денес, монахот Спиридон во 1600 г., во времето на Митрополитот пелагониски и прилепски Стефан, напишал Минеј, кој се чува во Москва, ДИМ, во збирката на Севастијанов, бр. 1473. Книжевникот, врз ракописот оставил запис, во кој ги наведува скудните податоци за него. Во 1720 г. во манастирот Трескавец јеромонахот Никифор го подврзал ...

  • Автор

    СПИРИДОН

  • XVI – XVIIвек - XVI – XVIIвек

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Минеј. XVII век. 1600. Москва: ДИМ, збирка на Севастијанов, бр. 1473.


Библиографија

Викторов, Е. Алексей. 1881. Собрание рукописей П.И. Севастьянова, Москва: Тип. Э. Лисснер и Ю. Роман, стр. 73; Поп-Атанасов, Ѓорги., Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 54,357; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век).  Скопје: ИМЛ, стр. 294; Стојановић, Љуба. 1902. Стари српски записи и натписи, књ. 1., Београд: Државној штампарији Краљевине Cpбиje, бр. 900, стр. 258.