Книжевен деец кој дејствувал во Трескавичкиот манастир „Успение Богородично“, Прилепско.
Книжевен деец кој дејствувал во Трескавичкиот манастир „Успение Богородично“, Прилепско.
Книжевен деец кој дејствувал во Трескавичкиот манастир „Успение Богородично“, Прилепско. За него постојат многу малку податоци. Својата книжевна и духовна дејност, во почетокот на XVIII век ја остварувал во манастирот Трескавец, во периодот кога овој манастир имал улога на значаен книжевен центар, во кој биле пишувани и истовремено подврзувани книги за самиот манастир, но и за потребите на помалите манастири и цркви во пошироката околина. Во овој манастир јеромонахот Захариј остав...
ЈЕРОМОНАХ ЗАХАРИЈ
крајот на XVII век - средината на XVIII век
средновековна книжевност
автор
Преписи:
Минеј (пишуван во Трескавец, Прилепско). 1712. Денес – непознато место на чување.
Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 356; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 320-323; Стојановић, Љуба. 1983. Стари српски записи и натписи. књ. 2, фот. изд. Београд: САНУ бр. 2234, стр. 356.