Живот и дело

Книжевник од југозападните краеви на Македонија, еден од тројцата препишувачи на најстариот зачуван кириличен препис на четвороевангелието, по кого и ракописот е познат како Добромирово евангелие.

Книжевник од југозападните краеви на Македонија, еден од тројцата препишувачи на најстариот зачуван кириличен препис на четвороевангелието, по кого и ракописот е познат како Добромирово евангелие . Бил пишуван во почетокот на XII век, кога заживувал т.н. редакциски период на старословенскиот јазик – со македонска јазична редакција и кирилично писмо со влијанија од глаголицата. Пред средината на XV...

  • Автор

    ПОП ДОБРОМИР

  • крај на XI - прва половина на XII век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Добромирово евангелие. Почеток на XII век. Света Гора: Синајскиот манастир „Св. Екатерина“ (23л.), MS 43/O и (9 л.), MS 7/N, Санкт Петербург: Руска национална библиотека (182 л.) пергаментни дополненија од XIV век (1+13 хартиени листови), сигн. Q.п. I. 55), Париз: Париска национална библиотека (2 л.), сигн. Slav. 65.


Библиографија

Алтбауер, Моше. 1973. Добромирово евангелие, кирилски споменик од XII век. Скопје: МАНУ; Велев, Илија, Лилјана Макаријоска и Црвенковска, Емилија. 2008. Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1. Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 447-448; Велчева, Боряна. 1975. Добромирово евангелие. Български паметник от началото на XII век. София: БАН; Десподова, Вангелија. 1977. „Лексиката на Добромировото евангелие“. Македонистика 1, стр. 5-96; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 46-48; Станчев, Красимир. 1981. „Неизвестные и малоизвестные болгарские ръкописи в Париже“. Старобългаристика /Paleobulgarica, 5, бр. 3, стр. 85-91; Угринова-Скаловска, Радмила и Вангелија Десподова. 1992. Добромирово евангелие. II. Кирилски споменик од XII век. Скопје: Матица македонска, Прилеп: Институт за старословенска култура.