Живот и дело

Со својот скромен по обем, но значаен по вредност книжевен опус, Варошлија е еден од првите претставници на модернистичката раскажувачка поетика во македонската литература.
Основното образование го оформил во Скопје, каде што и студирал и дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, и во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“. Од 1978 до 1996 година работел како драматург во Македонскиот народен театар. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 г.
 
Бранко Варошлија своите први раскази „Срце“ и „Расказ на денот“ ги објавува во...
  • Автор

    БРАНКО ВАРОШЛИЈА

  • 01. I. 1934, Вучитрн - 1. I. 2004, Скопје

  • современа книжевност

  • автор проза роман


Опус

 Триптихон. 1965 (драми), Последниот лет на птицата селица. 1968 (роман), Осамени минувачи. 1975 (раскази).


Библиографија

 Аврамовска, Наташа. 2007. „Егзистенцијализмот во расказите на Бранко Варошлија.“ Во Македонскиот расказ, прир.: Георгиевска - Јаковлева, Лорета, 81-87. Скопје: Институт за македонска литература.

Андоновски, Венко. 2008. „Кристален модернизам од камиевски формат.“ Варошлија, Бранко. Последниот лет на птицата селица, 5-23. Битола: Микена.

Андоновски, Венко. 2013. О/Абдукција на теоријата, Том 2: Наратологија. Скопје: Галикул.

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла.

Ѓурчинов, Милан.2008. Нова македонска книжевност. Скопје: Матица македонска.

Иванов, Благоја.  1968. „Последниот лет на птицата селица“. Разгледи, бр. 14, стр. 1664-1666.