Живот и дело

Книжевник, филозоф, предводник на схоластичкиот рационализам при исихастичкиот спор во Византија.

Книжевник, филозоф, предводник на схоластичкиот рационализам при исихастичкиот спор во Византија. Македонски Словен од Прилеп, кој се школувал во Солун и во Бероја кај најистакнатите византиски богослови и филозофи за тоа време – меѓу кои Тома Магистер, Григориј Палама, Бернард Варлаам и др. Неговото духовно, филозофско и книжевно издигнување се одвивало при проникнувањето на тогашната актуелна конфронтација меѓу идеологиите на митскиот експресионизам на иси...

  • Автор

    ГРИГОРИЈ АКИНДИН

  • околу 1300, Прилеп - околу 1349

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Оригинални творби:

Памфлет против Акиндин; Шест приговори против ереста на Палама; Книга против Варлаам; две Паламини исповеденија на верата; 509 лампски стихови за заблудите на Палама; Говор испратен до патријархот Јоан Калека во почетокот на спорот.

 

Претпоставки за авторство:

За суштината и енергијата (ПЕРΙ ОΥΣΙАΣ КАΙ ЕΝЕРГЕΙАΣ).


Библиографија

Акиндин. Григориј. 1985. „За суштината и активноста“. кн. 1. Превод на Јани Филовски. Филозофска трибина, бр. 9-10, стр. 14-72; Велев, Илија. 1996. Македонскиот книжевен XIV век. Скопје: Веда, стр. 55-58, 385-393; Велев, Илија. 1997. Кирилометодиевската традиција и континуитет. Скопје: ИМЛ, стр. 149-171; Велев, Илија. 2005. Византиско-македонски книжевни врски. Скопје: Велев И.; Штип : 2-ри Август С, стр. 257-261, 294-316; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1. Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 458-460, 484-500; Георгиева, Вера. 1993. Филозофија на исихазмот. Скопје: Табернакул; Македонска книжевност IX-XVIII век. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 238-244; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 117-120; Стојчевска-Антиќ, Вера. 1979. „Акиндин во јужнословенската ракописна традиција“. Прилози. МАНУ – Одделение за лингвистика и литературна наука, 4, 1, стр. 35-39; Ташковски, Драган. 1956. Акиндин во борба против мистицизмот. Скопје: Култура; Филовски, Јани. 1973. „Белешки кон делото ПЕРΙ ОΥΣΙАΣ КАΙ ЕΝЕРГЕΙАΣ од Григориј Акиндин“. Жива антика, т. 1, стр. 33-67.