Живот и дело

Со својата појава на литературната сцена веднаш по ослободувањето, Малески е еден од втемелувачите на современата македонска проза. Како полемичар се залагал за модернистичките тенденции во македонската литература.

 Основното образование го оформил во Скадар, Албанија, каде татко му бил печалбар. Гимназија завршил во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но заради започнувањето на Втората светска војна ги прекинал студиите. Земал активно учество во Народноослободителната борба, во чиј тек создава повеќе револуционерни и борбени песни, меѓу кои и „Денес над Македонија се раѓа“, која подоцна станува македонска национална химна. Во 1944 и 1945 година учествува во работата ...

  • Автор

    ВЛАДО МАЛЕСКИ

  • 05. IX. 1919, Струга - 23. IX. 1984, Струга

  • современа книжевност

  • автор проза роман расказ


Опус

 Ѓурѓина алова. 1950 (раскази), Бранувања. 1953 (раскази), Она што беше небо. 1958 (роман), Војната, луѓе, војната. 1967. (собрани раскази 1945-1954), Разбој. 1969 (роман), Кажувања. 1976 (дневнички записи од НОБ), Разгледи. 1976 (есеи, огледи, полемики), Записи на Езеро Дримски. 1983 (роман),  Јазли. 1990 (роман).


Библиографија

 Ѓурчинов, Милан. 1999. „Делото на Владо Малески“. Во Творештвото на Владо Малески, прир.: Веле Смилевски, 17-26. Скопје: Институт за македонска литература.

Ѓурчинов, Милан. 1983. Современа македонска книжевност. Скопје: Мисла.

Мицковиќ, Слободан. 1999. „За романот Јазли на Владо Малески.“ Во Творештвото на Владо Малески, прир.: Веле Смилевски, 32-34. Скопје: Институт за македонска литература.

Петковска, Нада. 1999. „Егзистенцијализмот во романот Она што беше небо од Владо Малески.“ Во Творештвото на Владо Малески, прир.: Веле Смилевски, 41-48. Скопје: Институт за македонска литература.