Живот и дело

Книжевник, светогорски духовник и црковен дипломат. За животниот и творечки пат на книжевникот се дознава единствено според култно-легендарната содржина на житието напишано за него од анонимен ученик.

Книжевник, светогорски духовник и црковен дипломат. За животниот и творечки пат на книжевникот се дознава единствено според култно-легендарната содржина на житието напишано за него од анонимен ученик. Родното потекло му било од диецезата на Љипљанската епархија во Косово и Метохија, а основното монашко и книжевно искуство го стекнал замонашувајќи се во Осоговскиот манастир кај Крива Паланка во Македонија. Пред 1330 година заминал на Света Гора, усовршувајќи ја дух...

  • Автор

    ИСАИЈА СЕРСКИ

  • Косово, меѓу 1300 и 1310 година - по 1375 година, Света Гора

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Оригинални творби:

Расказ за разорувањето на Македонија од Турците во 1371 година. По Маричката битка во 1371 година.

 
Преводни творби:

Ареопагитиката (со толкувања на Максим Исповедник) со Послесловие. Меѓу 1366 и 1371;

 
Претпоставка за превод:

Премудриот меѓу Елините Ливаниј.

 
Претпоставка за препис:
Служебник. Втора четвртина на XIV век.

Библиографија

Ангелов, Боню. Ст. 1967. Из старата българска, руска и сръбска литература. кн. 2. София: БАН, стр. 148-161; Велев, Илија. 1996. Македонскиот книжевен XIV век. Скопје: Веда, стр. 65-69; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1. Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 461-463; Георгиевски, Михајло. 1976. „Исаија Серски и неговиот историско-литературен расказ за преведувањето на богослужбените книги од грчки на словенски и за поробувањето на Македонија од Турците во 1371 година“. Современост, бр. 4-5, стр. 195-204; Георгиевски, Михајло. 1997. Прилози од старата македонска книжевност и култура. кн. 1. Скопје: Менора; Прилеп: Институт за старословенска култура, стр. 21-29; Македонска книжевност IX-XVIII век. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 248-253; Мошинъ, Владимир. 1940. „Житие старца Исаии, игумена Русскаго монастыря на Афоне“ во: Сборникъ Русскаго археологическаго общества въ Королевстве Югославии, т. 3, Белградъ, стр. 125-167; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, 141-151; Станчев, Красимир. 1981. „Ареопагитскиот корпус в превода на Исайя Серски. Археографски бележки“. Археографски прилози, кн. 3, стр. 145-152; Стојчевска-Антиќ, Вера. 1997. Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност. Скопје: Детска радост, стр. 463-467; Трифуновић, Ђорђе. 1981. „Зборник са делима Псеудо-Дионисија Ареопагита у преводу инока Исаије“. Cirillomethodianum, V. Thessalonique, стр. 166-171; Трифуновић, Ђорђе. 1980. Писац и преводилац инок Исаија. Крушевац: Багдала; Walter, Christopher. 1977. „The Portrait of Jakov of Serres in London. Additional 39626“. Зограф, бр. 7, стр. 65-72.