Живот и дело

Книжевник и духовник од владетелската област во Македонија на кралот Волкашин, кога Полог бил управуван од неговиот велмож Гргур.

Книжевник и духовник од владетелската област во Македонија на кралот Волкашин, кога Полог бил управуван од неговиот велмож Гргур. Во полошкото средновековно село Лешинце (денес Лешница) меѓу 1366 и 1371 година препишал Апостол, наменет за поп Михо од околното село Дебреше. Содржинската структура на ракописот претставува краток праксапостол со изборни четива, според првата кирилометодиевска преводна редакција. Изборот на новозаветните четива е од текстот на ...

  • Автор

    ЕРОМОНАХ МИХАИЛ

  • XIV век - XIV век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Апостол. Меѓу 1366 и 1371. Санкт Петербург: Руска национална библиотека, збирка на Титов бр. 3365.

Претпоставка за препис:

Минеј за месец јануари. 1390. Народна библиотека (Стара збирка), инв. бр. 1233. 


Библиографија

Велев, Илија. 1996. Македонскиот книжевен XIV век. Скопје: Веда, стр. 69, 77-78; Гранстрем, Евгения. Э. 1953. Описание русских и славянских пергаменных рукописей. Ленинград: Государственная публичная библиотека, стр. 99-100; Матић, Светозар. 1952. Опис рукописа народне библиотеке. Београд: Научна књига, стр. 20-21; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 179-180; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 152-154.