Живот и дело

Со автентични постмодернистички пристапи, Крстевски ја отсликува типичноста на македонската социјална средина, поврзувајќи ја, според карактеристиките и односите меѓу ликовите, со глобални човечки типови и феномени на човечката егзистенција.

e современ македонски писател, раскажувач, романописец и есеист. Неговото творештво е уметничка и професионална симбиоза на литературата и музиката која се препознава во музикалноста и интелектуалната особеност на изразот во негови...

  • Автор

    ХРИСТО КРСТЕВСКИ

  • 8.III 1941, Струмица - 17.X 2013, Скопје

  • современа книжевност

  • автор расказ


Опус

 Жестина. 1982. Скопје: Мисла (роман); Раскази од Равен. 1985. Скопје: Мисла (збирка раскази); Лавиринти. 1987. Скопје: Наша книга (есеи); Тереза Хум. 1989. Скопје: Мисла (роман); Циганско лето. 1990. Скопје: Македонска книга (роман); Нови ветришта над Равен. 1991. Охрид: Независни издавачи; Кралица на гроздоберот. 1992. Скопје: Култура (роман); Карневалите во Македонија. 1994. Скопје: Ктитор (студија); Виртуоз. 1994. Скопје: Ктитор (роман); Звучна игра. 1996. Скопје: Ктитор (роман); Гнила кобила. 2000. Скопје: Култура (роман); Rotten Mare. 2000. Скопје: Детска радост (роман); Времеубиец. 2001. Скопје: Ктитор (кратки раскази); Крајот на векот. 2002. Прилеп: Арлекин (есеи); Равенска трилогија. 2005. Скопје: Македонска реч (роман)


Библиографија

 Стојчевски, Санде. 2011. „Расказите на Христо Крстевски“. Книжевно житие, бр. 25/26: 61-64.; Цветковски, Бранко. 2001. „Потрага по изненадите на земниот живот: кон поетскиот избор Небесна свадба од Смиле Наумоски-Брсјак; Робусен раскажувачки влог: за Христо Крстевски и за неговото творештво“. Стремеж, год. 47, бр. 11/12: 115-118.