Живот и дело

Македонски поет и културно-политички деец, кој во текот на својот краток живот создал дело скромно по обем, но значајно заради изградената национална свест изразена во него.

 Основно образование и гимназија завршил во Гевгелија. Во потрага по подобра егзистенција заминува да живее во Бугарија. Во Софија се вклучува во активностите на македонската емиграција. Истакнувајќи се со својата работа, во 1931 г. станува основач и претседател на читалиштето „Роден крај“ и секретар на Гевгелиското братство. Воедно, започнува редовно да соработува со неделното списание за наука, литература и историја, „Македонски вести“, кое излегува во Софија од...

  • Автор

    КИРИЛ МАНАСИЕВ – ВЕЧЕРИН

  • 23.VI.1909, Гевгелија - 18.IV.1936, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

 Старица. 1935 (песна), Македонски Вести, I, бр. 18, стр. 5; Предчувствие. 1936 (песна), Македонски Вести, II, бр. 56, стр. 1-2; Избор од поезијата (Македонки, Посветена на Пере Тошев, На Михаил Апостолов – Попето, Работничка, Песни за татковината, Исповед, Македонија). (1985) Во: Тодоровски, Гане. Со збор кон зборот. Скопје, Наша книга, стр. 192-200.


Библиографија

 Ристовски, Блаже. 1982. Пројави и профили од македонската литературна историја. Том 1, стр. 237-240. Скопје, Студентски збор.

Тодоровски, Гане. 1985. Со збор кон зборот. Скопје, Наша книга.

Тодоровски, Томислав. 2008. Македонски дводомни писатели. Битола, Микена.