Живот и дело

Книжевен историчар, поет, раскажувач.

Се занимава со македонскиот XIX век и со периодот меѓу двете светски војни. Особен придонес има во откривањето на непознати страници од историјата на Mакедонскиот литературен кружок во Софија. Во тој правец има значајни достигнувања во откривањето на животната судбина и литературното дело на дводомните писатели од македонско потекло, т.е. на Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина. Бил професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Риека, ...

  • Автор

    ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ

  • 1946, Стојаково, Гевгелиско -

  • современа книжевност

  • автор поезија проза


Опус

Поезија: Тајна во сонот. 1972. Скопје: Мисла (песни);Отворена врата. 1979. Скопје: Современост; Ден за игра. 1981. Скопје: НИК Наша книга;Криенка. 1985. Битола: БИД Мисирков; Некои чудни бои. 2004. Скопје: Дирекција за култура и уметност; Затворен ковчег. 2011. Скопје: Академски печат; Хуморески: Настан во автобусот. 1974. Скопје: НИО Студентски збор;Свилена буба. 1982. Скопје: НИО Студентски збор; Раскази: Птици во кругот. 1978. Скопје: Македонска книга;Гласот што се чека. 1983. Скопје: Култура;Отвори четири очи. 1986. Скопје: Детска радост; Трета казна. 1993. Скопје: Македонска книга;Ѕвони двапати. 2002. Скопје: Детска радост;Приказни од градинка. 2010. Скопје: Феникс; Сушачко попладне. 2012. Скопје: Македонија презент, 2012; Победници. 2010. Скопје: Современост;Грлици. 2016. Струга: Здружение за литература, култура и наука „Бран“ и списание Бранувања; Романи: Мегдан за игра. 1992. Скопје: Детска радост; Златокосото дете. 1992. Скопје: Детска радост; Ден потоа. 2001. Скопје: Детска радост.


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век.Скопје: Мисла, стр. 627; Пановски, Доне. 1994. „Свој на своето“. Современост бр. 5-6,стр. 216-218; Цветкоски, Радован П. 2003. „Роман за сегашноста и за младите“. Видувања.Скопје: Академски печат, стр. 248-251; Дрвошанов, Васил. 2014. Книжевни написи. Скопје: Современост бр. ?, стр. 130-144; Алтиев, Никола. 2019. Одговорност пред зборот. Скопје: Академски печат, стр. 25-25; 38-42; 84-87; 128-132; 133-136; 172-176.(С. К.)