Живот и дело

Авторовото дело е препознатливо по јазичната обоеност, трајно втисната во две култури и напишана на два јазика: македонски и српски јазик.

Поет, есеист, книжевен критичар, антологичар и преведувач. Живее и работи во Смедерево, Србија. Пишува на македонски и на српски јазик.

Основно училиште завршил во с. Наколец и с. Љубојно, а средно техничко училиште – градежна насока во Скопје. Студирал на Градежниот факултет во Суботица. Во 1969 г. се сели во Смедерево, Србија. Се јавува како основоположник на многу фестивали и книжевни средби. Василевски е уредник на многубројни списанија за книжевност, уметност и култура...

  • Автор

    РИСТО ВАСИЛЕВСКИ

  • 31. I. 1943, с. Наколец, Преспа -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Шепоти. 1968. Пожаревац: Браничево (поезија); Временија. 1970. Скопје: Македонска книга (поезија); Градот на десниот а ветерот на левиот брег. 1971. Смедерево: Књижевни клуб (антологија); Толкување на патот. 1973. Скопје: Македонска книга (поезија); Големи и други работи. 1974, 1981. Скопје: Мисла (поезија за деца); Од плитари до фасада. 1985. Смедерево: Никола Крга (монографија); Давање облици. 1981. Белград: Графос (поезија); Листење на времето. 1984. Белград: Графос (поезија); Житието на Коле Ф. 1984. Скопје: Мисла (поезија); Болна куќа. 1984. Белград: Београдска књига (поезија); Модринки. 1985. Скопје: Наша книга; Да се појде во Преспа. 1986. Белград: Нова књига (избор поезија); Плодоред. 1991. Скопје: Македонска книга(поезија); Чудбината на едно ќесе. 1991. Скопје: Детска радост (роман за деца во стихови); Страд и здрач. 1991. Скопје: Мисла (избор поезија); Пофалби на адот. 1993. Скопје: Македонска книга (поезија); Играње со главата. 1997. Белград: Просвета (поезија); Паричникова чудбина. 1998. Смедерево: Арка (роман за деца во стихови); Огледала. 1998. Скопје: Штрк (поезија); Ткаенка на злото. 1999. Белград: Просвета (поезија); Игри и пофалби. 2000. Скопје: Матица македонска (поезија); Храм, сепак храм. 2003, 2004, 2005. Смедерево: Арка (поезија); Фреска од зборови. 2005. Смедерево: Арка (поезија); Чувар на полето. 2008. Битола: Микена (поезија); Оди во кругот. 2018. Скопје: Графостил (поезија). 


Библиографија

Стремеж бр. 7-8/1999 (број посветен на творештвото на Ристо Василевски) 2005. „Фреска од зборови од Ристо Василевски“ (предговор, Санде Стојчевски) во Фреска од зборови, Смедерево: Арка; Мркиќ, Миодраг. 1996. Поетско досезање биђа. Белград: Звездара.