Живот и дело

Главна одлика на неговото творештво се мотивите на високите космички сфери: божественото, небото, ветрот, земјата.

Македонски поет, романсиер, книжевен критичар, лингвист, преведувач, автор на фразеолошки и на толковен речник на македонскиот јазик.   

Родното село го напуштил со децата бегалци од Егејска Македонија и се населил во Битола каде завршил гимназија. Дипломирал на Филолошки факултет, на катедрата за француски јазик и литература. Работел како новинар во културната рубрика на дневниот весник „Вечер“. Бил главен уредник на седум броеви (1971/1972) на месечниот весник ...

  • Автор

    ТАШКО ШИРИЛОВ

  • 07. II. 1936 / 20. VIII 1938, с. Горничево, Леринско - 30. VI. 2019, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија проза


Опус

Икар. 1976. Скопје: Ревија за поезија "Метафора" (поезија); Тимотеј и Лидија. 1999. Скопје: Зумпрес (роман). 


Библиографија

Владова, Јадранка, 2000. „Ташко Ширилов: Тимотеј и Лидија. Зумпрес, Скопје, 1999“ Lettre internationale бр. 19, стр. 59; Тоциновски, Васил, 2000. „За чудесноста на кажувањето: Ташко Ширилов: „Тимотеј и Лидија“, Зумпрес, Скопје, 1999“ Современост: списание за литература уметност и општествени прашања, бр. 1-3, стр. 196-198; Ристовска, Татјана, 2000. „Впечатливи лирски особености“ Стремеж: списание за литературни, културни и општествени прашања: орган на клубот на младите писатели од Прилеп, бр. 10, стр. 101-105; Вангелов, Атанас, 2003. „Стилист од прв ред – ама заобиколен“, Старт, број 244