Поет, преведувач, уредник.
Поет, преведувач, уредник.
Основното и средното образование ги оформил во Кавадарци, а потоа студирал славистика на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Превел над педесет книжевни дела од словенските јазици, најмногу од руски. Бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1967 година.
Евтим Манев како поет се јавува на македонската книжевна сцена во шеесеттите години на дваесетти...
ЕВТИМ МАНЕВ
25. I. 1931, Кавадарци - 16. III. 2010, Скопје,
современа книжевност
автор поезија
Моклишките ангели. 1973 (поезија), Ѕвездата на Витлеем. 2000 (поезија).
Сталев, Георги. 2001. „Високи вредности на една долго таена и премолчувана поетика“. Современост, бр.1-3, стр. 86-94; Тоциновски, Васил. 1973. „Самотијата како страст. Евтим Манев: Моклишките ангели“. Современост, бр. 15-16, стр. 1149-1150.