Живот и дело

Еден од основните белези на неговото творештво е свеста за националното и социјалното, што резултира и со негов голем интерес за собирање на народното творештво.

Македонски поет, значаен активист на работничкото и синдикалното движење во Македонија пред Втората светска војна. Роден е во Велес, во работничко семејство. Основното образование го завршил со одличен успех и бил наградуван со пофалници како исклучителен ученик, а потоа се запишал во велешката Гимназија. Поради тешките материјални услови во кои се наоѓало неговото семејство, Димов успева да заврши само втори клас гимназија. Во 1925 г. почнува да го изучува столарскиот занает, и освен во Веле...

  • Автор

    КИРЕ ДИМОВ

  • 12.V 1912, Велес - 18.XI 1940, Белград

  • современа книжевност

  • автор поезија проза расказ


Опус

Паѓање од скеле. 1934. Подгорица: Гранит бр. 2 (расказ); „Крвави тутунови лисја. 1938. Нови Сад: Наша књижица бр. 2 (песна); Балада на заборавените. 1940. Скопје: Наша реч бр. 2 (песна); „Пенчо“. 1940. Скопје: Наша реч бр. 1 (песна); Недовршени стихотворби на српски јазик: „На натпревар“, „Пролет во фабричката населба“, „Младост“, „Песна за тутуновите полиња“, „Фрагмент“, „На другарот“, „Летна вечер“, „Вечер“, „Таа вечер“, „По разделбата“, „Твојот глас“, „Копнеж“, „Размисли“, „Последна песна“, „Средба“, „Те презирам“ и „Само за тебе“. 


Библиографија

Ристовски, Блаже. 1980. Македонскиот стих 1900-1944. Том I и Том II. Скопје: Мисла. Ристовски, Блаже. 1982. Пројави и профили од македонската литературна историја. Том I и Том II. Скопје: Студентски збор.Сталев, Георги. 2003. Историјата на македонската книжевност 1800-1945, II дел: првата половина на ХХ век. Скопје: Институт за македонска литература.Тодоровски, Томислав. 2008. Македонски дводомни писатели. Битола: Микена.