Живот и дело

Случувањата од НОБ и Револуцијата претставуваат изворна инспирација во најголемиот дел од неговото литературно творештво.

Македонски поет, романсиер, поет за деца, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназиското образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал со темата „Печалбарството во македонската народна и уметничка литература“. Работел како гимназиски професор во Кавадарци и во Учителската школа во Битола, а потоа предавал на тамошната Педагошк...

  • Автор

    ЛАЗО КАРОВСКИ

  • 17.II 1927, Кавадарци - 3.II 2000, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија проза драма роман


Опус

Овчарче. 1946. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија за деца); Крвава блокада. 1947. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија); Тиквешка легенда. 1948. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија); Родината в песни. 1951. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Момина чука. 1955. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Песната на славејот. 1955. Скопје: Детска радост (поезија за деца); Патишта. 1961. Скопје: Кочо Рацин (роман); Родина. 1964. Скопје: Кочо Рацин (роман); Песни 1967. Скопје: Македонска книга, Детска радост; Ставини. 1967. Скопје: Мисла (поезија); Климент Охридски. 1969. Скопје: Мисла (роман); Поезија. 1969. Скопје: Мисла; Заорок. 1971. Скопје: Наша книга (роман); Митко шета со ракета. 1972. Скопје: Детска радост (поезија за деца); Раскин. 1977. Скопје: Наша книга (роман); Нека летаат гулабите. 1986. Скопје: Детска радост (кратка проза); Родина. 1988. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, Детска радост (поезија); На половина пат. 1991. Битола: Мисирков (роман). 


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1969. „Лазо Каровски или дијалектика на верноста во себе“ во: Каровски, Лазо. Поезија. Скопје: Мисла, 5-23. Ристовски, Блаже. 1980. Македонскиот стих 1900 – 1944. Том I и Том II. Скопје: Мисла.