Живот и дело

Фолклористка, собирачка на народно творештво, филолог, научен работник со посебен интерес кон истражувањето на народната проза, особено на приказните.

 Фолклористка, собирачка на народно творештво, филолог, научен работник со посебен интерес кон истражувањето на народната проза, особено на приказните.

Попвасилева го напуштила родното село поради Граѓанската војна во Грција во 1948 г., го прекинала образованието и заминала во Романија во прифатниот центар во Тулгеш. Подоцна завршила курс за учители и предавала македонски јазик на деца од прво до четврто одделение. Дипломирала на Филолошкиот факултет при Софискиот универзитет во ...

  • Автор

    АЛЕКСАНДРА ПОПВАСИЛЕВА

  • 1933, с. Куманичево, Костурско - 2022, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Двојазичното раскажување на народни приказни (влашко-македонски и македонско-влашки). 1987. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонците во Канада раскажуваат: Националниот идентитет и народната проза на Македонците во Канада. 1992. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни приказни од Костурско (изворни записи). 1996. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Проблеми на народната проза. 1997.Скопје:Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Толковен речник на одбрани зборови од костурскиот дијалект. 2005.Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. 


Библиографија

 70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.