Живот и дело

Во рамки на својата фолклористичка дејност Величковски во повеќе наврати се ангажира во собирачка дејност, и притоа неговата активност е главно насочена кон собирање на поезија, детски фолклор и кратки жанри – пословици, поговорки, гатанки и други.

Фолклорист, собирач на народно творештво, научен работник со посебно значење за проучувањето на детскиот фолклор и кратките жанрови, полиглот.

Величковски дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата Француски јазик и литература во 1974 година. Магистрирал на Универзитетскиот центар за постдипломски студии во Дубровник на Филозофскиот факултет при Загрепскиот универзитет во 1992 г. со темата „Македонски еротски народни песни“ („Makedonske erotske narodne...

  • Автор

    БОНЕ ВЕЛИЧКОВСКИ

  • 14.XII 1948, с. Црешево, Скопско - 7.II 2022, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Секој петок урда јадам: Македонски еротски песни. 1989. Охрид: Никола Костески; Заемните влијанија меѓу македонските народни пословици и поговорки и пословиците и поговорките на другите балкански народ. Докторска дисертација. 1999. Скопје: Филолошки факултет; Ѕид без мали каменчиња не стои: Пословични паралели. 2001. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонско-англиски и англиско-македонски пословични паралели. 2002. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Руско-македонски и македонско-руски пословици. 2005. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Француски пословици и нивните македонски еквиваленти. 2004. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски пословици и поговорки. 2009. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Италијански пословици и поговорки и нивните македонски еквиваленти. (Собирач). 2009. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Библиографија на фолклорот и етнологијата во Македонија. (Подготвил). 2010. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски детски фолклор. 2011. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски еротски народни песни. (Приредувач). 2012. Скопје: Маска. 


Библиографија

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.