Живот и дело

Каваев е еден е клучните проучувачи на фолклорот во Западна Македонија. Покрај собирачката дејност, се занимавал и со пишување на книжевни дела и објавувал песни и раскази во весници и списанија.
Фолклорист, собирач на народно творештво, прозаист.

Каваев се школувал во Струга и Охрид, а Богословска школа завршил во Призрен. Во 1957 г. дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1924 г. до 1941 г. бил учител во повеќе села низ Струшката, Дебарската и Прилепската околија, а од 1941 г. до крајот на својот работен век работел како професор во средно училиште во Битола. Патувајќи и работејќи во различни села низ Западна Македонија, Каваев го проучувал фолклоро...

  • Автор

    ФИЛИП КАВАЕВ

  • 1904, Струга - 1974, Битола

  • народно творештво

  • автор


Опус

Народни пословици и гатанки од Струга и Струшко. 1961. Скопје: Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје – Институт за македонски јазик; Битола, бабам Битола: народни песни во кои се споменува Битола. 1969. Битола: Совет за посебна издавачка дејност при „Битолски весник“; Смилево славно во оган гори! (македонски народни револуционерни песни за Битола и Битолско). 1972. Битола: Друштво за проучување на илинденските настани „2 Август 1903“.