Живот и дело

И покрај сестраниот интерес во повеќе области, поголемиот дел од својот живот Хаџиманов ѝ го посветил на музиката. Неговиот главен придонес се состои во обемната собирачка дејност: собрал над 8.000 македонски и 700 албански народни песни.

Eтномузиколог, собирач на македонско народно творештво, композитор, мелограф и педагог.

По завршувањето на основното образование во родниот град, Хаџиманов учел гимназија во Велес и Скопје. Подоцна студирал на Правниот и на Филозофскиот факултет во Белград, а магистрирал фармација во Загреб во 1935 година. Во меѓувреме ја посетувал Музичката школа во Белград, но не успеал да ја заврши. Во 1955 г. дипломирал на Катедрата за музика на Педагошката академија.

И покрај сестраниот и...

  • Автор

    ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ

  • 1906, Кавадарци - 1969, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Македонски народни песни 1-4. 1953 – 1956. Скопје: Кочо Рацин; Македонски борбени народни песни (Печатени музикалии). 1960. Скопје: Кочо Рацин; Инструменталната играорна музика во Македонија. 1968. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни песни (Печатени музикалии): Моми тиквешанки. 1968. Скопје: Македонска книга. 


Библиографија

Ѓорѓиев, Ѓорѓи. 1998. Васил Хаџиманов: 1906 – 1969. Скопје: Македонска книга.