Живот и дело

во печатницата „Македонија“ на К. Шахов, со материјална поддршка од своите земјаци, во 1893 г. го објавил својот прв „Сборник от старонародни песни и обичаи во Дебарско и Кичевско (Западна Македонија)“, книга на 162 страници, која содржи 275 песни и обичаи. Во предговорот ќе напише: „Повеќе од сè друго, нашиот народен живот се опишува во нашите народни песни и обичаи...“

Фолклорист, етнолог, собирач и издавач на македонски народни песни и обичаи од Дебарско, народен учител, печатар, публицист и културно-национален деец.

Основното образование го добил во ќелијното-селско училиште на народен јазик, а го продолжил во грчка семинарија (Богословско-учителската школа на Атон). Се вратил во селото во 1865 г. и станал црковен певец и помошник учител кај чичко му поп Коста. Се запознал со Стефан Верковиќ и под негово влијание, пред февруари 1868 г., ги собрал ...

  • Автор

    ВАСИЛ ИКОНОМОВ, АПОСТОЛОВ

  • 1848, Лазарополе - 1934, Лазарополе

  • народно творештво

  • автор


Опус

„Сборник от старонародни песни и обичаи в Дебърско и Кичевско (Западна Македония)“. 1893. Софија: Печатница Македонија; „Сборник от старо - народни умотворения из Дебърско, Кичевско и Охридско“. 1895. Солун: Скоро-печатница на С. Муратори и С-ие; Христосъ побѣждава, Тълкуванието на червеното яйце и пресъдата на Спасителевите неприятели: Пилата, Анна и Каяфа, Солунъ, 1909; Народна песнопойка, Солунъ, 1910; Старонародни песни и обичаи од Западна Македонија. Редакција: д-р Кирил Пенушлиски, д-р Блаже Ристовски, д-р Блаже Петровски. 1988. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. 


Библиографија

Матковски Александар. 1954. „Книжевната и просветната дејност на учителот Василиј Икономов од Лазарополе“. Просветно дело Х, бр. 1-2. Скопје: Здружение за теорија и практика на образованието (Образовни рефлексии), стр. 61-74;

Ристовски, Блаже. 1985. Васил Икономов (1848 – 1934). Прилог кон проучувањето на македонскиот културно-национален развиток. Скопје: Институт за национална историја.