Живот и дело

Во рамки на својата фолклористичка дејност, Ановска во повеќе наврати се ангажира во собирачка дејност. Нејзината активност е главно насочена кон собирање на фолклорни и етнолошки материјали врзани за влашкиот народ во Македонија и нивната традиционална култура.

Фолклорист, собирач на народно творештво, социолог на културата, научен работник од областа на фолклорот и етнологијата на влашкиот народ.

Ановска дипломирала на Катедрата за историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1977 година. Магистрирала 1991 г. на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ. На истиот Институт докторирала во 1997 г. со дисертацијата „Социјално-фолклорни преплетувања во семејството и семејните односи кај...

  • Автор

    КЛЕАНТИ АНОВСКА (ЛИАКУ-АНОВСКА)

  • 3.III 1954, Скопје -

  • народно творештво

  • автор


Опус

Социјалната припадност на народните раскажувачи Власи. 1995. Скопје: Современост; Социјално-фолклорни преплетувања во семејството и семејните односи кај Власите. (Докторска дисертација). 1997. Скопје: Институт за социолошки и политичко правни истражувања; Социјално-фолклорни интеракции во влашкото семејство. 2000. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Влашкиот детски фолклор. 2001. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Влашките народни приказни од Крушево. 2002. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“;Влашките народни приказни од Струшко. 2004. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“;Влашките народни приказни од Источна Македонија. 2007. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Влашките песни од репертоарот на еден народен пејач од Крушево. 2017. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Власи: фолклорни и етнографски записи. 2019. Скопје: К. Лиаку-Ановска. 


Библиографија

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.