Живот и дело

Наневски е приредувач е на поголем број фолклорни изданија, од кои ги издвојуваме: Песни од Константин Миладинов, Марко Цепенков: Соништа и сеништа, Самовилското коњче: Македонски бајки, во авторизирана, модерна верзија. Записите на Цепенков за сеништа и соништа ќе ги издвои во посебна книга, не само како народни умотворби туку и како негови прозни записи кои го носат Цепенковото авторско име како даровит раскажувач на народни приказни и оригинален автор во македонската проза.

Поет, литературен критичар и есеист,  публикувач и проучувач на македонски народни умотворби.

Наневски завршил студии на југословенските книжевности на Филозофскиот факултет во Скопје. Има одбрането и хабилитација на Филолошкиот факултет. Со книжевни критики и есеи се јавил уште од студентските денови. Најмногу бил ориентиран кон поезијата, се истакнувал како истражувач на поетскиот говор: ги толкува митовите и симболите, тајните на народната уметност, облиците на модерниот израз...

  • Автор

    ДУШКО НАНЕВСКИ

  • 1929, Кратово - 1994, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Љубовни народни песни: Антологија. 1971. Скопје: Македонска книга; Тајната на самовилите. 1977. Скопје: МАНУ; Македонска поетска школа. 1977. Скопје: Мисла; Самовилското коњче: Избор македонски бајки. 1978. Скопје: Детска радост; Тајниот говор на поезијата. 1979. Скопје: Литературен збор; Црниот славеј: Антологија на македонска поезија. 1979. Скопје: Култура; Култура на поезијата. 1980. Скопје: Литературен збор; Критичка самосвест за поетот Прличев. 1980. Скопје: Литературен збор; Kali i zanes: Perralla popullore maqedone. 1981. Prishtine: Rilindja; Раѓање на метафората: Толкувања на тајниот говор на поезијата. 1982. Скопје: Мисла; Знаци од азбуката: Елиптики. 1982. Скопје: Современост; Bela svitanja Koce Racina. 1983. Beograd: Zavod za udzbenike i nastavna sredstva; Поетот Рацин: Монографија. 1983. Скопје: Студентски збор; Критички илуминации: Огледи и прикази. 1984. Скопје: Наша книга; Охридска поема. 1985. Скопје: Студентски збор; Вилински коњић. 1987. Београд: Просвета; Поетика на јазикот: Етиди. 1988. Скопје: Наша книга; Виденија: Поеми. 1989. Скопје: Наша книга; Македонска поетска уметност: Избрани студии и есеи. 1990. Скопје: Култура; A poem of Ohrid. 1990. Охрид: Завод за заштита на спомениците и културата; Климент Охридски во македонската традиција: Огледи, студии, есеи. 1991. Скопје: Студентски збор; Сонување на патот. 1993. Скопје: Студентски збор; Интегрална поетика. 1993. Скопје: Култура; Разговори со Бога. 1993. Скопје: Феникс; Момчето со ѕвезда. 1993. Скопје: Култура; Талентот на Прличев: Студии и есеи. 1994. Охрид: Macedonia Prima; Генот и поезијата: Трансформации од народната во современата македонска поезија. 1995. Скопје: Феникс; Принц на метафората: Поезијата на Радован Павловски. 1995. Скопје: Сигмапрес; Светлосна завеса. 1997. Скопје: Сигмапрес. 


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла.

Наневски, Душко. 1984.  Критички илуминации. Скопје: Наша книга

Наневски, Душко. 1978. Самовилското коњче. Скопје: Детска радост.