Живот и дело

Мијачките народни песни запишани од П. Ѓиноски и некои негови соработници, биле печатени во неколку продолженија. Тие го претставуваат најобемниот и најважниот дел од оставината на Панајот Ѓиноски, која е објавена и редактирана од Кирил Пенушлиски во 1995 година.

Фолклорист, зограф, лексикограф, етнограф.

Основно образование добил од татко му кој бил учител, а на 14-годишна возраст започнал да учи зографски занает кај прочуениот галички зограф Ѓурчин Фрчковски. По повредата на глуждот на ногата во Карлово, Бугарија, каде бил на печалба, бил принуден да се врати во Галичник, каде што останал уште 17 години прикован за постела и неспособен за физичка работа. Во тоа време се занимавал со препишување книги, запишување народни умотворби, обичаи, из...

  • Автор

    ПАНАЈОТ ЃИНОСКИ

  • 1842, с. Галичник - 8.VIII 1886, Врање

  • народно творештво

  • автор


Опус

Зборник на Панајот Ѓиноски: од село Галичник од Дебарско. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. 1995. Скопје: Матица македонска.

 

Библиографија

Нина Анастасова-Шкрињариќ. 2000. Панајот К. Ѓиноски. Скопје. 

Д-р Харалампиe Поленаковиќ. 1973. „Панајот К. Ѓиноски (зограф, етнограф, фолклорист и лексикограф)“ во: Студии за македонскиот фолклор, стр. 273-326.