Живот и дело

Домашната книжевна критика го определува како застапник на контемплативната и максимално интелектуализираната струја во македонската поезија.

Поет, книжевен преведувач и критичар. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (2002). Докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава, на Катедрата за словачка литература и литерарна наука, во научната област „Теорија и историја на словачката литература“ на тема од модерната словачка поезија: „Модели на метафорична слика во поезијата на Јан Ондруш“ (2007). Подоцна докто...

  • Автор

    ЗВОНКО ТАНЕСКИ

  • 12.III 1982, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

Отворени врати. 1995. Прилеп: Кубоа (стихозбирка); Хорот на гнилите лисја. 2000. Скопје: Матица македонска (стихозбирка); Срт. 2003. Скопје: Магор (поема); Чоколада во портфолио. 2010. Скопје: Блесок (стихозбирка); Нежности без гарантен лист. 2012 Скопје: Дом на културата „Кочо Рацин“ (стихозбирка); Чекајќи ја историјата. 2016.  Скопје: Антолог (стихозбирка).  


Библиографија

Андоновски, Венко. 2003. „Вратата на битието и клучевите на јазикот“ во: Срт (Звонко Танески). Скопје: Магор, стр. 49-54; Бановиќ-Марковска, Ангелина. 2010. „Поетското портмоне на Звонко Танески“ во: Книжевно житие, бр. 21-22, стр. 32-34; Мојсова-Чепишевска, Весна. 2011. „За парче чоколада, за шмрк кафе по напишан ред и за уште нешто друго“ во: Игра и симулации. Скопје: Галикул, стр. 210-217; Ќулавкова, Катица. 2013. „Рецензија“ во: Чекајќи ја историјата. Скопје: Антолог, стр. 57.