Живот и дело

Покрај неговата собирачка активност, фолклористичката дејност на Христо Поп Стоилов се состои од бројни трудови и рецензии на различни теми, особено „за оние делови на фолклорот што нуделе можности за вметнување произволности и сомнителни авторства, односно за книжевните мистификации.

Фолклорист, собирач на македонски народни умотворби, брат на фолклористот Антон Поп Стоилов. 

Потекнува од свештеничко семејство, во кое се негувала љубовта кон писменоста. Основно образование завршува во Горна Џумаја и во 1892 г. е назначен за учител во с. Бучино, каде ќе предава до 1895 година. Во овој период започнува со својата активност да запишува народни песни, гатанки, пословици и други народни умотворби. Се смета дека овие запишани умотворби од Горна Џумаја и околината в...

  • Автор

    ХРИСТО ПОП СТОИЛОВ

  • 1879, с. Лешко, Горна Џумаја - 1908, Пловдив

  • народно творештво

  • автор


Опус

Горно-Џумайски говор. Звукове, форми и образци. 1904. София: СбНУ; Класификация и стилистични обяснения на българските народни гатанки. 1914. София: Сборник за народни умотворения и народопис, книга XXX. 


Библиографија

Ковилоски, Славчо. 2022. „Потрагата по естетиката и архетипот на Христо Поп-Стоилов“, во Македонската книжевна критика во XIX век. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 147-151.

Ковилоски, Славчо. 2021. „Прекрасниот ум на Митра Ристова, бисерот на македонската народна книжевност од XX век“. Во Годишен зборник 2021 на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Филолошки факултет. Штип: Универзитет „Гоце Делчев“, стр. 83-92.

Поп Стоилов, Христо. 1914. Класификация и стилистични обяснения на българските народни гатанки. София: Сборник за народни умотворения и народопис, книга XXX.

Енциклопедия „Пирински край“. 1999. Благоевград: Редакция Енциклопедия и БАН.