Живот и дело

Во својата фолклористичка дејност особено се занимава со народните приказни, народните преданија и митологијата, кои ги собирал и публикувал во бројни изданија. Се смета за еден од најплодните публикувачи на фолклорен материјал од македонската дијаспора.

Фолклорист, собирач на народно творештво, преведувач од полски на македонски и обратно, научен работник од областа на македонскиот прозен фолклор и фолклорот на македонската дијаспора.

Вражиновски го завршил своето основно и средно образование во Романија и Полска. Студирал словенска филологија во Краков, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Софија во 1966 година. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје во 1981 г. на тема „Социјално-класните односи во македонските народн...

  • Автор

    ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ

  • 23.VII 1941, с. Смрдеш, Костурско -

  • народно творештво

  • автор


Опус

Разловечкото востание во современата усна прозна традиција на Разловчани. (Коавторство со Воислав Јаќоски). 1976. Скопје: Институт за фолклор „Марко К. Цепенков“; Македонски народни приказни за животни. 1977. Скопје: Македонска книга, Институт за фолклор „Марко К. Цепенков“; Македонските преданија за места. 1979. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Илинденскиот прозен револуционерен фолклор. 1981. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Samowily I pasterze: Bajki z Socialistycnej Republiki Macedonii. Warsawa, 1981; Социјално-класните односи во македонските народни приказни. 1982. Скопје: Македонска книга, Институт за фолклор „Марко К. Цепенков“; Гоце Делчев во македонскиот фолклор. (Соредактор). 1985. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни волшебни приказни. 1986. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни преданија. 1986. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Вампирите во македонските верувања и преданија. (Коавторство со Лепосава Спировска). 1988. Скопје: Институт за фолклор „Марко К. Цепенков“; Народни приказни на македонските иселеници во Канада. 1990. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски историски преданија. 1992. Скопје: Матица македонска, Прилеп: Институт за старословенска литература; Споредбена монографија на македонското село Јабланица и полското село Пјентки-Грензки. Том III, Митски преданија. (Kоавторство со Кшиштов Вроцлавски). 1992. Скопје: Институт за фолклор „Марко К. Цепенков“, Варшава: Катедра по етнологија и културолошка антропологија; За националниот карактер на Македонците. 1997. Скопје, Мелбурн: Матица македонска; Народна митологија на Македонците. Кн. 1. 1998. Скопје: Матица македонска, Прилеп: Институт за старословенска литература; Народна традиција, религија, култура. 1999. Скопје, Мелбурн: Матица македонска; Актерството на народниот раскажувач. 2002. Скопје: Матица македонска; Македонска народна митологија: народна традиција, религија, култура. 2002. Скопје: Матица македонска; Фолклористичко-етнолошки прилози. 2005. Скопје: Матица македонска; Македонска народна библија: балкански мотиви во народната традиција. 2006. Скопје: Матица македонска; Рајот и пеколот во македонската и албанската народна традиција. (Kоавторство со Хамит Џафери). 2008. Скопје: Матица македонска; Илинденски народни преданија и кажувања. 2009. Скопје: Матица македонска; Вампирите во македонските верувања и преданија. 2009. Скопје: Матица македонска; Македонски народни волшебни приказни. (Подготвил). 2009. Скопје: Матица македонска; Македонски народни приказни за животни. (Подготвил). 2009. Скопје: Матица македонска; Македонски народни преданија. (Подготвил). 2009. Скопје: Матица македонска; Манастирите и црквите во народната традиција. 2011. Скопје: Матица македонска; Личности, ликови, настани: фолклористичко-етнолошки студии. 2013. Скопје: Силсонс; Македонската народна религија. 2015. Скопје: Силсонс; На пат кон светото место: селото Смрдеш, Костурско, низ историјата. 2016. Скопје: Силсонс; Раскажувачи, собирачи и истражувачи. 2023. Скопје: Панили. 


Библиографија

Вражиновски, Танас. 2016. „Танас Вражиновски – проучувач на македонската народна култура“ во: Танас Вражиновски, На пат кон светото место. Скопје: Силсонс, стр. 183-190.

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.