Живот и дело

Заслужен е за подигање на квалитетот на македонската револуционерна поезија, проза и драма од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Раскажувач, поет, публицист и револуционер. Автор е на повеќе книшки поезија, раскази и публицистички записи со политички карактер. Заслужен е за подигање на квалитетот на македонската револуционерна поезија, проза и драма од овој период. Во временски период од тринаесет години, објавил четиринаесет дела.

Биографските податоци за него се скудни, но врз основа на користењето на јазикот од марвашкиот крај, се претпоставува дека е од Серско, најверојатно од селото Горно Броди. Бил учесни...

  • Автор

    ПЕТАР СТОЈКОВ

  • втора половина на XIX век, марвашки крај: Серско/Неврокопско - прва или втора деценија на XX век

  • преродбенска книжевност

  • автор поезија расказ автор


Опус

 Брошури (документаристика, есеистика): Македонски поборникъ по свободата на Македония. 1897. София; Защитна речъ на П. Стойков. 1898. София; Ключътъ на македонската революция. 1898. София; Македонски бичъ. 1899. София; Жална Македония. 1899. София; Кървава дипломация. 1899. София; Кръсто Заревъ войвода. 1899. София; Потайностите на македонскитѣ дейци. 1902. София; Поезија и расказ: Смъртъ на враговетѣ. 1898. София; Поезија: Пирински напѣви. 1904. София; Кървава Македония. 1904. София; Драми: Кървава гробница. 1905. София; Любовта и раскоша. 1906. София.


Библиографија

Георгиевски, Михајло. 1971. „Револуционерната литература на Петар Стојков“. Гласник на Институтот за национална историја, бр. 2. Скопје, стр. 165-184: Тодоровски, Гане. Книжевната преродба: панорама на македонската поезија во XIX век. Битола: Микена; Тоциновски, Васил. 2007. Златниот клас. Скопје: Дирекција за култура и уметност – Скопје.