Живот и дело

Учествувала во бројни научноистражувачки проекти, меѓу кои особено значајна е нејзината улога како раководителка на проектот „Македонски фолклорни материјали од Архивот на САНУ“.

Фолклористка, собирачка на народно творештво, научна истражувачка.

Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје во 1963 г., на групата Историја на книжевните народи на СФРЈ со македонски јазик. Докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје во 1991 г. со темата „Народниот пејач Ефтим Мановски – Мано (фолклористичка монографија)“, под менторство на проф. д-р Кирил Пенушлиски. Работела како професорка по литература во средно училиште, а потоа како архивистка во Архиво...

  • Автор

    ТАТЈАНА КАЛИЧАНИН (ЖЕЖЕЉ)

  • 1936, Охрид -

  • народно творештво

  • автор


Опус

Народниот пејач Ефтим Мановски-Мано: еден човек – многу песни – еден народ. 1996. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Доселување и интеграција на македонското семејство во Канада и САД. 1997. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Песните на македонските иселеници во Канада и САД. 1998. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Песните на македонските иселеници во Република Турција. 2001. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски народни песни од Порече. 2006. Скопје: Камелеон;Македонски свадбени обичаи и песни. 2008. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Антрополошки етнофолклористички прилози. 2009. Скопје: Камелеон; Македонските народни песни собрани од Лазар Дума (1913). 2013. Скопје: Камелеон. 


Библиографија

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.