Живот и дело

Доследен на принципите на модернизмот, Туфан му дава јасна предност на духовното како начин да се премавнат, да се надминат тегобите и дилемите на животот.

Поет, есист и преведувач. Студирал право во Скопје (на УКИМ) и во Конија, Турција, на Универзитетот „Селчук“. Од 1992 г. живее во Турција каде што работи како самостоен адвокат. На македонски јазик ги објавил стихозбирките Балкански син (2013), Камчето од Вардар (2016), Ликовите во мене (2021), книгата поетски есеизации Несоници (2020), како и неколку избори поезија објавени во Србија, а во Истанбул ја објавил на турски јазик стихозбирката H&u...

  • Автор

    ЕРОЛ ТУФАН

  • 1959, Гостивар -

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

Балкански син. 2013. Скопје: ПНВ Публикации (стихозбирка); Камчето од Вардар. 2016. Скопје: ПНВ Публикации (стихозбирка); Несоници. 2020. Скопје: ПНВ Публикации (есеизирана поезија); Меланхолија. 2020. Скопје: Ми-Ан (стихозбирка); Ликовите во мене. 2021. Скопје: ПНВ Публикации (стихозбирка); Куфер. 2022. Скопје: ПНВ Публикации (стихозбирка). 


Библиографија

Аврамовска, Наташа. 2013. „Кон ракописот на поетската книга ‘Балкански син’ на Ерол Туфан“, во: Туфан, Ерол. Балкански син. Скопје: ПНВ Публикации, стр. 53-58. Димитриевска, Силвана. 2022. „’Куфер’ – духовно патување кон сопственото себство“, во: Туфан, Ерол. Куфер. Скопје: ПНВ Публикации, стр. 76-80. Павловски, Мишел. 2020. „Балканскиот син Ерол Туфан“, во: Туфан, Ерол. Меланхолија/Melankoli, Скопје: Ми-Ан, стр. 45-51