Живот и дело

Како претставник на реалистичната поетика во македонската книжевност, творештвото на Гилевски тематски е ориентирано кон историското минато на македонскиот народ од последните два века.

Поет, раскажувач и романсиер. По Граѓанската војна во Грција (1946 – 1949) во периодот од 1948 до 1956 г. живеел во Унгарија. Школувањето го започнал во Унгарија, а потоа дошол во Скопје каде што завршил средно уметничко училиште. Во Белград завршил прв степен на Академијата за ликовни уметности, а дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Извршувал повеќе функции во областа на културата и литературата. Автор е на повеќе од дваесе...

  • Автор

    ПАСКАЛ ГИЛЕВСКИ

  • 1.VII 1939, Сетома [Кефелари], Костурско, Егејска Македонија -

  • современа книжевност

  • автор проза роман расказ


Опус

Брегум – брегум. 1972. Скопје: Современост (поезија); Бегство. 1983. Скопје: Култура (поезија); Глава. 1984. Скопје: Македонска книга (раскази); Знаме во пазувите.1985. Скопје: Наша книга (поезија); Животот на песната. 1985. Нови Сад: Форум (поезија во препев на унгарски јазик); Зоја. 1986. Скопје: Македонска книга (роман); Стража. 1987. Крушевац: Багдала (раскази, превод на српскохрватски јазик); Небесна и земна љубов. 1988. Скопје: Мисла (роман); Бездомници. 1989. Скопје: Култура (раскази); Ангели на прогонството. 1993. Скопје: Детска радост (роман); Ќорсокак. 1993. Скопје: Мисла (роман); Двајца црнци зборуваат македонски. 1996. (лирска монодрама); Скомраз. 1997. Скопје: Матица македонска (роман); Расчекор. 1999. Скопје: Матица македонска (раскази); Меланхолија. 1999. Скопје: Матица македонска (поезија); Скопски зори. 2001. Скопје: Матица македонска (роман); Остров во пеколот. 2005. Скопје: Матица македонска (роман); Нежниот бунтовник. 2012. Скопје: Матица македонска (роман); Посмртна венчавка. 2014. Скопје: Матица македонска (роман); Александар и Клеофила. 2019. Скопје: Панили (роман); Во потрага по загубениот син. 2018. Скопје: Силсонс (роман); Доживувањата на двајца селски учители. 2021. Скопје: Матица македонска (роман); Излезе сејачот да сее. 2023. Скопје: Матица македонска (роман). 


Библиографија

Матеја Матевски. 1999.  „Импресивен творечки опус. Паскал Гилевски: Избрани дела во пет тома, Матица македонска, 1999“. Разгледи 7-8, 617-621. Гане Тодоровски,  Морничавите мотиви на една драматична конверзија или белетристички рудокоп на едно време. Кон романот ‘Ќорсокак’ на Паскал Гилевски, Мисла, 1993“. Око 2-3, 9-12. Анте Поповски, 2001, „Импозантен книжевен опус“, Сум 33, 50-51. Макаријоска, Лилјана. 2017. „Лексичкиот подбор во романите на Паскал Гилевски“, во: Славистички студии 17, 45-50. Манојлов, Панде. „Романот Зоја на Паскал Гилевски“, Зоја, Битола: Микена, 5-13. Силјан, Раде. „Романите на Паскал Гилевски“, во: Во потрага по загубениот син, Скопје: Силсонс, 131-140.