Живот и дело

Конститутивното и креативното начело на Ката Мисиркова-Руменова е нејзиното лично искуство кое отвора разновидни теми, од т.н. „егејска тема“ до современите, актуелни дилеми.
раскажувачка, романсиерка, поетеса и драмска писателка. Конститутивното и креативното начело на Ката Мисиркова-Руменова е нејзиното лично искуство кое отвора разновидни теми, од т.н. „егејска тема“ до современите, актуелни дилеми. Реализацијата на тие теми се остварува во разновидни жанрови, а подеднакво се наменети како за возрасните така и за децата.
Работела како библиотекарка во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Била член на ДПМ од 1966 г...
  • Автор

    КАТА МИСИРКОВА-РУМЕНОВА

  • 14.IX 1930, с. Постол, Ениџе Вардар, Егејска Македонија - 22.XI 2012, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Го љубам својот град. 1967. Скопје: Наша книга (роман за деца); Детството на Мисирков. 1965. Скопје: Народна задруга (роман за деца); Скршени вејки. 1965 (драма); Песна за огновите. 1966. Скопје: Македонска книга (раскази); Жешка земја. 1968. Скопје: Македонска книга (роман); Добрите момчиња од земјата вардарска. 1969 (1972). Скопје: Наша книга (роман); Корнење. 1972. Скопје: Наша книга (роман); Вида и објектот. 1975. Скопје: Наша книга (роман); Кресненското востание. 1976 (драма); Илинденски раскази. 1978. Скопје: Детска радост (раскази за деца); Ликот на Карастоилов. 1978 (повест); Ноќ во осаменоста. 1979. Скопје: Наша книга (поезија); Јужен ветар. 1979 (драма); Неосудени. 1980 (драма); Жежок пат. 1981. Скопје: Наша книга (роман); Милосија. 1982. Скопје: Детска радост (роман за деца); Довик. 1983. Битола: БИД „Мисирков“ (роман); Мирка Гинова. 1985 (драма); Султана. 1987. Скопје: Наша книга (роман); Жеголец во срцето. 1987. Скопје: Македонска книга (роман); Скалила. 1987. Скопје: Детска радост (роман за деца); Неоджилени. 1988. Скопје: Мисла (раскази); Сонот на будната птица. 1988. Скопје: Детска радост (роман за деца); Мајка которичанка. 1988. Скопје: Македонска книга (раскази); Патилата на Милосија. 1989. Скопје: Детска радост (роман за деца); Во смрт од љубов. 1990. Скопје: Македонска книга (роман); Скаменета солза. 1990. Скопје: Наша книга (поезија); Топлата прегратка на Гоцевата мајка. 1990. Битола: Мисирков (раскази за деца); Ѕидовите од Пела. 1991. Скопје: Детска радост (роман за деца); Катарни години. 1992. Скопје: Мисла (роман); Вознесот на Милосија. 1992. Скопје: Детска радост (роман за деца); Ѕидови од пајажина. 1993. Скопје: Мисла (роман); Водоскоци. 1994. Скопје: Детска радост (роман за деца); Писмата до Соња. 1994. Скопје: Мисиркова-Руменова К. (раскази за деца); Стапалки по жолти лисја. 1995. Скопје: Студентски збор (роман); Плач пред ѕидот. 1996. Скопје: Оригинал (поезија); Големите атови. 1997. Скопје: Студентски збор (роман); Авантурите на малата Ѓурѓа. 1997. Скопје: Ѓурѓа (роман за деца); Белегзија и Воскрес на душата. 1998. Скопје: Григор Прличев (поема, поезија); Зунка. 1998 (драма); Ќе ме убие капката Стефи. 1998. Скопје: Сигмапрес (поезија); Виорот на болката. 1999. Скопје: Ми-Ан (поезија); Пред лицето – Ченто. 2000 (поезија); Пранги. 2000. Скопје: Мисла (роман); Бубреже. 2001. Скопје: Детска радост (роман за деца); Бакнеж што опијанува. 2001. Прилеп: Арлекин-ГФ (роман); Длабокиот рез. 2002. Скопје: М-графика (роман); Личен роман за личната земја. 2002. Скопје: Македонска книга (роман); Гулабите летаат кон југот. 2004. Скопје: Нова наша книга (роман); Искри на вечноста. 2005. Скопје: Ѓурѓа (поезија).

Пишувала телевизиски (Крепост, Одлука, Средба, Вознес на душата), радио (над шеесет) и монодрами (Мајка Которичанка, Малина Поп Иванова, Гоце Делчев, Султана). 


Библиографија

Денкова, Јованка. 2001. „Водич низ лавиринтите на животот: Кон романот Бубреже, Ката Мисиркова-Руменова“. Скопје: Детска радост.

https://eprints.ugd.edu.mk/1482/1/bubreze_Literaturen%20zbor.pdf

Миневски, Блаже. 2016.Фреска за народот што низ војни и егзодуси го брани својот идентитет“ во: Мисиркова-Руменова, Ката. Милосија. Скопје: Магор, стр. 173-176.

Митрополит Брегалнички Агатангел. 2006. Предговор во: Мисиркова-Руменова, Ката: Човекот, душата, виделината. Дел II., Скопје: Нова наша книга, стр. 5-9.

Николова, Катерина 2006. Поговор во: Мисиркова-Руменова, Ката. Човекот, душата, виделината. Дел II. Скопје: Нова наша книга, стр. 279-281.

Поповски, Анте. 1999. „Величествен споменик на детството и на младоста“ во: Мисиркова-Руменова, Ката. Милосија. Скопје: Детска радост, стр. 167-172.

Христова-Јоциќ, Светлана. 2008. Предговор во: Романи за деца. Том I. Битола: Микена.