Живот и дело

Тој е еден од најплодните прозаисти, кој целиот свој опус тематски и амбиентално го посветил на историјата и современиот живот на градот Битола.
прозаист, романсиер и драмски автор.
 
Тој е еден од најплодните прозаисти, кој целиот свој опус тематски и амбиентално го посветил на историјата и современиот живот на градот Битола. Пишува за секојдневниот живот на човекот во општеството, насочувајќи го своето внимание кон трагичните судбини. Во основата на трагичното кај Костов е судирот, кој  има етички и морални дилеми најчесто поради неприлагодената единка на општествената средина. Неговата ...
  • Автор

    ВЛАДИМИР КОСТОВ

  • 22.IX 1932, Битола - 3.I 2023, Битола

  • современа книжевност

  • автор


Опус


Лица со маски. 1967. Скопје: Мисла (роман); Свадбата на Мара. 1968. Скопје: Мисла (роман); Игра. 1969. Скопје: Мисла (кратки раскази); Нов ум. 1970. Скопје: Мисла (роман); Ах, бре. 1970. Битола: Развиток (кратки раскази); Учителот. 1976. Скопје: Мисла (роман); Шумата ечеше (сказна, 1982); Каде си тргнал, сине. 1981. Скопје: Наша книга (роман за млади); Црквичето Четириесет маченици во Битола. 1984. Скопје: Мисла (роман); Вујко. 1984. Скопје: Наша книга (роман); Грешниот Захарие (новели, 1986); Тестамент. 1987. Скопје: Македонска книга (кратки раскази за млади); Чума. 1989. Скопје: Мисла (новели); Келешот (новели); Клетва. 1989. Битола: Мисирков (роман); Последното целивание. 1992. Скопје: Култура (роман); Грешка. 1992. Скопје: Мисла (краток роман); Тој ми кажа (роман за млади, 1992); Битолски триод. 1994. Битола: Мисирков (роман); Сениште во град Битола. 1994. Скопје: Мисла (роман); Маргарит. 1996. Скопје: Култура (кратки раскази); Солза за Мите. 1997. Скопје; Мелбурн: Матица македонска (роман за млади); Битолска хроника; Обителска трагедија. 1998. Скопје: Мисла (два кратки романи); Строгата школа на животот (кратки раскази за деца и младинци, 1998); Тане. 2000. Скопје: Мисла (роман); Хераклејски мозаик. 2003. Скопје: Pro Littera (збирка од 201 расказ); Воденички камен (раскази, 2008); Писание за Страшниот суд. 2011. Скопје: Матица македонска (роман); Битолијада. 2006. Скопје. Матица македонска (роман); Скршена чаша. 2007. Скопје: Југореклам, Pro Littera (раскази); Еврејчето Шами. 2007. Битола: В. Костов (проза за деца и младинци); Дива мисла. 2014. Скопје: Матица македонска (роман); Даровна (раскази, 2012); Декалог (драми, 2015)  Битолски триод. 2004. Скопје: Југореклам, Pro Littera (роман).

Има овјавено и 2 драми.

Објавил поголем број трудови од областа на литературата, јазикот и театарот, меѓу кои се: Отстапување на битолскиот говор и неговиот стил, Поетскиот јазик на К. Рацин, Зборникот на Миладиновци и Рациновите „Бели мугри“, Личните заменки во битолскиот градски говор и др.

 


Библиографија


Старделов, Георги. (2011). Критика на деморализираниот ум“. Везилка, 2011

Здравковски, Цане. (2005). „Владимир Костов како извонреден познавач на психологијата на меѓучовечките односи“. Зборник -2,

Силјан, Раде. Омаж за Владимир Костов, https://www.mkd.mk/node/504228