Живот и дело

Блаже Миневски е неодминлив дел од современата македонска проза и драма, и едно од најактуелните имиња кога станува збор за современото македонско прозно творештво или театарската сцена.

Македонски писател, раскажувач, романсиер и драматург.

Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Работел како новинар во бројни весници и списанија. Сега е уредник во Секторот за издавачка дејност при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Член е на ДПМ од 1992 година и на Македонскиот ПЕН центар.

Авторското книжевно дело на Блаже Миневски во целост е прозно и брои девет збирки раскази, тринаесет романи и две збирки дра...

  • Автор

    БЛАЖЕ МИНЕВСКИ

  • 1.IV. 1961, Гевгелија -

  • современа книжевност

  • автор проза


Опус

 Солзи во очите на тате. 1984. Скопје: Книжевна младина на Македонија (раскази); Ниски вежби. 1988. Скопје: Мисла (раскази); Црниот пердув. 1990. Скопје: Мисла (роман); Заседи за белиот сон. 1992. Скопје: Македонска книга (раскази); Подготовки за добра смрт (или Војводата и дрвениот коњ). 1994. Скопје: Културно-просветна заедница на Скопје (драма);Ледно око. 1996. Скопје: Култура (раскази); Балкан за деца. 1996. Скопје: Матица македонска (роман); Требаше да се сликаме пред да се замразиме. 1998. 2009. 2011. Скопје: Култура (роман); Бивши луѓе: (драмите на Петелино). 2000. Скопје: Мисла (драми); Сезона на глуварките. 2001. Скопје: Три (раскази); Приказна за третиот. 2003. Скопје: Три (роман); Вистински настан: драмски настани и состојби. 2005. Скопје: Макавеј (драма);Нишан. 2007. 2008. 2009. 2012. 2018. 2021. Скопје: Макавеј (роман); Последни времиња. 2009. Скопје: Макавеј (раскази); Свирци. 2011. 2021. Скопје: Силсонс (роман); Црна лисица. 2012. Скопје: Матица македонска (роман); Драми. 2012. Скопје: Три (драма); Пристапната беседа на академик Сисое. 2013. Скопје: Матица македонска (раскази); Јас, Тито и Мики Маус. 2014. Скопје: Три (роман); Мемоарите на една млечка: (приказна за третиот). 2016. Скопје: Матица македонска (роман); Љубовникот на Ленин (општа историја на сувото око). 2017. Скопје: Матица македонска (роман); Во рогот на волот: (едногодишни и повеќегодишни раскази). 2018. Скопје: Матица македонска (раскази); Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот? 2019. 2022. Скопје: Матица македонска (роман); Фантомско стапало. 2020. Скопје: Матица македонска (роман); Да речиме уште една. 2021. Скопје: Матица македонска (раскази); Ако се родат некакви чувства. 2023. Скопје: Матица македонска (роман).


Библиографија

Андоновски, Венко, 2008. „Писател од европски постмодерен формат (предговор)“ во Нишан, Микена: Битола; Ѓорѓиева Димова, Марија. 2017. „Метафикцијата во романите Нишан на Блаже Миневски и Книга за Тара на Зденко Лешиќ“ Во FLUMINENSIA, год. 29 (2017), бр. 1, стр. 107-118; Мојсова-Чепишевска, Весна, 2023, „Дали фикцискиот му пркоси на историскиот Гоце Делчев?“ во https://lektira.mk/kritika/dali-fikciskiot-mu-prkosi-na-istoriskiot-goce-delchev/?fbclid=IwAR0MhPndwFsnXEt9u5hiRsgnW9AEITseI1w3ouBU3HDK22jNQ3aQ-swuOiE (пристапено на 1.11.2023); Маџунков, Митко. 2019. „Живот не целосно одобрен“ Во Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот?, Б. Миневски, Скопје, Матица македонска, 2019, стр. 139-143.