Живот и дело

Поезијата на Љубен Ташковски е препознатлива по слободниот стих и по романтичарскиот тон, поради што од книжевните критичари бил наречен „македонски Бајрон“.

Македонски писател и поет.

Основно училиште завршил во Струмица, а гимназија во Кавадарци. Студиите ги започнал во Белград, а ги завршил во Скопје на Филозофскиот факултет, на катедрата за јужнословенска книжевност. Од 1958 до 1962 г. работел како новинар и професор по литература. По овој период работел како професионален писател, со што од 1976 г. се здобил со право на национална пензија. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1960 г.

Љубен Ташковски припаѓа на ...

  • Автор

    ЉУБЕН ТАШКОВСКИ

  • 4.I.1931, Струмица - 2.VII.1994, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

Катерина. 1958. Скопје: Љубен Ташковски (поезија); Балада за јужното небо. 1960. Скопје: Љубен Ташковски (поезија); Кукушанка. 1962. Скопје: Љубен Ташковски (поезија); За нас нема збогум. 1967. Скопје: Љубен Ташковски (поезија); Македонска рапсодија. 1969. Скопје: Мисла (поезија); Љубен во Америка. 1970. Скопје: Македонска книга (поезија); Мојата јужна љубов. 1979. Скопје: Култура (поезија); Калинки. 1981. Штип: Илинден (поезија); Од Скопје до Чикаго, од Њујорк до Сантјаго. 1986. Скопје: Љубен Ташковски (поезија); Од премудрата тишина. 2008. Битола: Микена (поезија) 


Библиографија

Тодоровски, Гане. 1979. „Љубен Ташковски: Љубен во Америка“ во Маѓепсан мегдан, Скопје: Култура, стр. 280-283; Митрев, Димитар. 1969. „Љубен Ташковски или татковинското како целосна инспирација“, Скопје: Мисла, стр. 5-13; Коцевски, Данило. 2008. „Поезијата на Љубен Ташковски“, Битола: НИД Микена, стр. 5-10.