Живот и дело

Мирче Нешовски генерациски припаѓа на македонските писатели кои во своето творештво ја интензивираат употребата на постмодернистички книжевни постапки.

Македонски поет и писател.

Завршил Филозофски факултет во Скопје, а потоа завршил постдипломски студии на Филозофскиот факултет во Белград, на групата за социологија на уметноста. Работел во Народната и универзитетска библиотека во Скопје, од каде се пензионирал. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 г.

Нешовски е автор на десет стихозбирки, но неговото творештво вбројува и пет романи. Движечки сили на неговото творештво се: апсурдот, како дел од магичниот ре...

  • Автор

    МИРЧЕ НЕШОВСКИ

  • 29. XI. 1951, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор поезија проза


Опус

Прозорец на сводот. 1974. Скопје: Сојуз на литературните дружини и клубови на младите од СР Македонија (поезија); Бескрајни знаци. 1990. Скопје: Наша книга (поезија); Духовна галаксија. 1997. Скопје: Феникс (поезија); Светилката на Монахот. 1997. 1998. Скопје: Менора (поезија); Ентелехија. 1999. Скопје: Штрк (поезија); Комитската заклетва. 2002. Скопје: Бата пресс плус (поезија); Патријарх на вселената. 2004. Скопје: Бата пресс (поезија); Тапија на универзумот. 2007. Скопје: Менора (поезија); Низ небесната врата. 2008. Скопје: Штрк (поезија); Experience. 2010. Скопје: Мирче Нешовски (роман); Врховниот шеф на ѓаволот. 2010. Скопје: Академски печат (роман); Кабинетот на министерот Фауст. 2012. 2016. Скопје: Мирче Нешовски (роман); Повампирена земја. 2014. Скопје: Мирче Нешовски (роман); Демиург: небо. 2016. Скопје: Мирче Нешовски (поезија); Небесна пиета: поезија (Том 1 и 2). 2016.Скопје: Менора (Реиздание на целокупната авторова поезија); Ѕвезден тласок: антологија. 2017. Скопје: Мирче Нешовски (поезија); Вознесение. 2019. Скопје: Академски печат (поезија); Воскресение: Experience: Патот на Духот. 2020. Скопје: Македонија презент (роман); Врховниот шеф на ѓаволот ; Кабинетот на министерот Фауст. 2020. Скопје: Менора (романи); Вселенко. 2021. Скопје: Доротеј (илустриран роман за деца). 


Библиографија

Миодраг Друговац. 1979. Современи македонски писатели, Скопје: Наша книга;Клетников, Ефтим. 1997. „Над бездната на душата и вселената. Мирче Нешовски: Духовна галаксија. Феникс - Скопје 1996“ во Стремеж год. 43, бр. 9-10, 1997, стр. 139-143; Радически, Науме. 2007. „Поетот што поседува тапија на универзумот“ во Тапија на универзумот (предговор), Скопје: Менора, стр. 201-216; Банов, Милан. 2020. „Вселенската енергија во тајната книга на Македониумот во романите на Мирче Нешовски“ во Врховниот шеф на ѓаволот (предговор); Кабинетот на министерот Фауст: романи. Том 3, Скопје: Менора стр. 251-257.