Екстравагантноста и широката жанровска палета го прават Бошковски еден од најспецифичните автори во македонската книжевност.
Екстравагантноста и широката жанровска палета го прават Бошковски еден од најспецифичните автори во македонската книжевност.
Основно образование завршил во Крушево. Во 1954 г. завршил учителска школа во Битола. Неколку години работел како воспитувач во интернатот на О.У. „Никола Карев“ во Крушево, а потоа и како наставник по македонски јазик и музичко образование во селото Обршани. По доаѓањето во Скопје работел како новинар во „Радио Скопје“, „Вечерен репортер“, „Трудбеник“, „Вечер“ и&n...
ЈОЗО Т. БОШКОВСКИ
14. I. 1933, с. Острилци, Крушевско - 2. VIII. 2008, Скопје
современа книжевност
автор
Бој со гадурија. 1963. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Активен поет – говорник. 1966. Скопје: Нов свет (поезија); Македонска трагедија: (фантасмагорија). 1966. Скопје: Наша книга (поетска драма); Цветовина. 1969. Скопје: Нов свет (поезија и цртежи); Мудрости на сонцето - Знаја - Крајни консеквенции - Ликови со цвет : (фантасмагорија) . 1976. Скопје : Нов свет (поезија, есеи и цртежи); Умиште - глава на вселената. 1990. Napoli : Accademia d'Europa (монографија); Вечна река. 1980. Скопје: Јозо Т. Бошковски (поезија); Чудотворниот конец на убавината. 1980. Скопје: Нов свет. (есеи); Деца и цвеќиња и ѕвезди. 1981. Скопје: Нов свет (поезија за деца); Осветлен човек. 1984. Скопје: Култура (поезија); Big Bang. 1992. Скопје: Нов свет (поезија и есеи); Лек против смртта. 1994. Скопје: Нов свет (поезија и есеи); Скопската овца. 1996. Скопје: Нов свет (раскази); Умонаут. 1998. Скопје: Нов свет (поезија); Откопување на историјата: Атлантида вистинската и Македонија - високоцветна Македонија. 1981, 1998. Скопје: Нов свет (историја и поезија); Триумф на материјата. 2000. Скопје : Нов свет (есеи) ; Верзумот, Метеорски дождови, Пирамидиум, Рев на празнината, Вечната сфинга - уметноста: (алетиологија): дианопоезија, диано(по)етика. 2002. Скопје: Нов свет (поезија); Приказничарот Бошко Јонов од Острилци. 2002. Скопје: Нов свет (монографија); Орфеј. 2004. Скопје : Нов свет (поезија); Насмеано сонце. 2006. Скопје: Нов свет (поезија); Нејасни сили: технологија на стравот : (разорување на царството на студот) : понерологија и детериција. 2002. Скопје : Нов свет (есеј и поезија); Скопскиот озон: растока. 2008. Скопје : Нов свет (поезија).
Ѓурчинов, Милан. 1994. „Јозо Т. БОШКОВСКИ: 60 и 46“ во Лек против смртта, Скопје: Нов свет; Мухиќ, Ферид. 1994. „Синтеза на ендемското и панспермичкото, Кон поезијата на Јозо Т. Бошковски“ во Лек против смртта, Скопје: Нов свет; Друговац, Миодраг. 1994. „Нова ерес Нервоизам (Јозо Т. Бошковски: „Биг бенг“, изд. Нов свет, Скопје, 1992)“ во Лек против смртта, Скопје: Нов свет.