Живот и дело

Зекерија има „однегувано специфичен облик на краток расказ“ (Идризовиќ 1988: 281) и тоа не само во рамките на македонската проза за деца. „Надворешниот белег на таа препознатливост се имињата Орхан и Севил, а структуралниот – лириката и лесната нарација.“ (Идризовиќ 188: 281) Неговото најпознато дело „Орхан“ (пишувано на турски, а потоа преведено на македонски) се обидува да ги разреши дилемите околу тоа дали и колку ликовите, заплетот и јазикот во овие кратки приказни се борат против предрасудите или стереотипите. Пишувана под влијание на „Срце“ од италијанскиот автор Едмондо де Амичис и на турската народна и усна литература, оваа книга сосем се вклопува во текот на современата македонска проза од крајот на минатиот век, но и пошироко во македонската култура. Зекерија е суптилен раскажувач кој употребува зборови „полни со музика, придонесувајќи да се оформи ликот на момченцето кое ги губи регионалните, етичките и етничките својства и станува лесно препознатливо во секоја улица“.

поет, раскажувач, писател за деца, преведувач. Пишува и на туски и на македонски. Завршува Филозофски факултет во Скопје. Директор е на повеќе списанија за деца на турски јазик, а од 1969. станува уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1951. Свој влог во македонската книжевна и културна сцена остава преку преводите од македонски на српски, како и преку преводите на познати книжевни дела на турски. Составувач е и на ...

  • Автор

    НЕЏАТИ ЗЕКЕРИЈА

  • Скопје, 11. XI 1928 - Нови Сад, 10. VI 1988

  • современа книжевност

  • автор проза


Опус

Опус

Лирика  (поезија, 1950), Школско ѕвонче (поезија за деца, 1952), Зајак мечувалец (поезија за деца, 1953), Каде сум (поезија, 1953), Булка (поезија, 1953), Црвени обетки (поезија за деца, 1958), Децата од нашата улица (раскази за деца, 1961), Заспивалки (поезија за деца, 1964), Љубов (поезија, 1965), Децата од старата улица (раскази за деца, 1966), Капки (поезија, 1967), Децата од новата улица (раскази за деца, 1967), Орхан (раскази за деца, 1973), Каде е зеленото (поезија, 1975), Варијации за Лорка (поезија, 1977), Ромео и Јулија од нашата улица (раскази за деца, 1978), Старо купувам, ново продавам (раскази за деца, 1982), Орхан и Севил (раскази за деца, 1982), Триесет сонети (поезија, 1989)


Библиографија

Библиографија за понатамошно читање:

Идризовиќ, Муриз, 1988. „Неџати Зекирија“ во: Идризовиќ, Муриз. Македонската литература за деца. Скопје: Наша книга.

Мојсова-Чепишевска, Весна, 2019. „Неџати Зекирија – зошто Орхан сѐ уште се читра како дневник за едно дете од нашата улица?“ во: Мојсова-Чепишевска, Весна. Клуч во клучалката на детството.Скопје: Матица македонска.