Живот и дело

Иако стартува како поет револуционер, Шопов брзо се трансформира во репрезентативен поет на македонската Модерна, поминувајќи ги сите нејзини иницијални облици на персонализација и индивидуализација. Модернизацијата на поезијата подразбира, имено, оддалечување од постојните поетски конвенции (во случајов колективистичкиот, револуционерен и социјален дух и реторичност) и преиспитување на традиционалниот систем на стилски и тематски вредности. Таквиот активен пристап создава услови да се издвои еден поетски опус како посебен. Тоа се случува со опусот на Шопов, во којшто почнуваат да преовладуваат неговите особени јазични, стилски и тематски карактеристики. Нешто слично се случува и во опусите на Славко Јаневски и Блаже Конески. Затоа може да се каже дека првата повоена генерација македонски поети рано се оддалечува од колективистичката матрица. Имаме тројца поети со три специфични поетики. Врз основата на тие три специфични поетики е изградена, следните десетина години, општата поетика на македонската Модерна.

Македонски поет и преведувач од првата повоена генерација, еден од основоположниците на современата македонска поезија и еден од најзначајните македонски модернистички поети.

Во родниот град Штип го поминува детството, го завршува основното и гимназиското образование. Како гимназијалец (1940-та година) влегува во СКОЈ, а две години подоцна се вклучува во антифашистичката борба во состав на Третата македонска ударна бригада. По завршувањето на војната, ...

  • Автор

    АЦО ШОПОВ

  • 20. XII 1923, Штип - 20. IV 1982, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

Опус:

Песни. 1944. Куманово (поезија); Пруга на младоста (заедно со Славко Јаневски). 1946. Скопје (поезија); Песни (заедно со Блаже Конески, Славко Јаневски, Гого Ивановски и Лазо Каровски). 1946. Скопје (поезија); Со наши раце. 1950. Скопје: Државно книгоиздавателство на Македонија (поезија); На Грамос. 1950. Скопје: Ново Поколение (поезија); Стихови за маката и радоста. 1952. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Слеј се со тишината. 1955. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Ветрот носи убаво време. 1957. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Небиднина. 1963. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Јус-универзиум. 1968. Скопје: Мисла (поезија); Гледач во пепелта. 1970. Скопје: Македонска книга (поезија); Песна на црната жена. 1976. Скопје: Мисла (поезија); Дрво на ридот. 1980. Скопје: Мисла (поезија).


Библиографија

Библиографија и понатамошно читање:

Ивановиќ, Радомир. 1987. „Зборот и значењето“, во: Избор од поезијата на Ацо Шопов (избор и предговор Раде Силјан). Скопје, Македонска книга, с. 199-220.,  Старделов, Георги. 2000. Небиднината. Поезијата и поетското искуство на Ацо Шопов. Скопје, „Матица македонска“. Оваа монографија е преобјавена во Македонско поетско соѕвездие на Г. Старделов. Скопје, МАНУ, 2020., Ќулавкова, К., пр. 1993. Предговор кон изданието Поезија (избор од поезијата на Ацо Шопов), Скопје, Македонска книга,  Ќулавкова, К. „Толкувачки круг: толкување на песната 'Раѓање на зборот' “, во: Животот и делото на Ацо Шопов, зборник од меѓународен собир, Скопје, МАНУ, 2005., Веб страницата посветена на творештвото на Ацо Шопов, координирана од Јасмина Шопова