Живот и дело

Тој е поет ерудит, кој во одделните поетски книги широко долж географските простори и длабоко низ времето на културната историја на човештвото ги распостила координатите на својот поетски свет.

поет, филозоф, критичар, антологичар и препејувач. Покрај поетските дела неговиот творечки опус го чинат и бројни филозофски и есеистички дела, што наоѓаат одглас и во иманентната поетика на неговото поетско писмо. Тој е поет ерудит, кој во одделните поетски книги широко долж географските простори и длабоко низ времето на културната историја на човештвото ги распостила координатите на својот поетски свет.<...

  • Автор

    ИВАН ЏЕПАРОСКИ

  • 9.V 1958, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Слики од изложбата. 1989. Скопје: Наша книга (поезија); Еклоги. 1992. Скопје: Македонска книга (поезија); Песни. 1998. Скопје: Детска радост (избор поезија); Волја за мисла. 2008. Битола: Микена (избор поезија); Грабнувањето на Европа. 2012. Скопје: Дијалог (поезија); Светлината на Света Гора. 2015. Скопје: Магор (поезија); Град. 2020. Скопје: Ми-Ан (поезија); Архаична автобиографија. 2021. Скопје: ДПМ (поезија).

Арго плови по Аксиј. 1984. Скопје: Мисла; Во потрага по изгубениот тоталитет. 1993. Скопје: Култура; Уметничкото дело: во втората половина на ХХ век. 1998. Скопје: Култура; Отаде системот. 2000. Скопје: Култура; Филозофски приказни. 2001. Скопје: Магор; Младите, сакралното и уметноста (коавтор). 2003. Скопје: Темплум; Естетика на возвишеното. 2008. Скопје: Магор; Став и суштина. 2010. Скопје: Дијалог; Свето Манев. 2014. Скопје: Ѓурѓа; Дискурси на визуелното. 2014. Скопје: Матица македонска; Култура и книжевност. 2016. Скопје: Магор; Филозофијата во образованието: студија (коавтор). 2019. Скопје: Филозофски факултет; Поезијата и возвишеното. 2019. Скопје: Ми-Ан; Естетика: естетички категории. 2020. Скопје: Аз-Буки; Пандемија и постхуманизам. 2022. Скопје: Ми-Ан; Македонска научна и стручна терминологија: Филозофија, Том I-II (коавтор со Ана Димишковска). 2022. Скопје: МАНУ; Филозофија и книжевност. 2023. Скопје: Аз-Буки; Два опита: Конески и Старделов. 2023. Скопје: Филозофски факултет.


Библиографија

Аврамовска, Наташа, 1998. „Кон поетската реч на Иван Џепароски“ во: Иван Џепароски, „Песни“, Скопје: Детска радост, стр. 187-214; Ѓурчинова, Анастасија, 2012. „Патување во стихови“ во: Грабнувањето на Европа. Скопје: Дијалог, стр. 87-90; Капушевска-Дракулевска, Лидија, 2008. „Поезијата на Иван Џепароски како поетика на средбата“ во И. Џепароски Волја за мисла“. Битола: Микена, стр. 5-14; Мартиновски, Владимир, 2012. „Патувања низ европските противречности“ во: Иван Џепароски, Грабнувањето на Европа. Скопје: Дијалог, стр. 95-97; Старделов, Георги, 2020. „Песна што лета над земниов свет, високо ем длабоко, откривајќи го и осмислувајќи го тој свет (Иван Џепароски „Град“)“ во: Иван Џепароски, Град. Скопје: Ми-Ан, стр. 73-86; Стојменска-Елзесер, Соња, 2012. „Поетска тригонометрија на европското-свое и европското-туѓо“ во: Иван Џепароски Грабнувањето на Европа. Скопје: Дијалог, стр. 91-94; Ќулавкова, Ката, 1996. „Волја за мисла“ во: Камен искушител. Скопје: Мисла, стр. 107-113.