Живот и дело

Поет, општествено-политички работник.

 Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел во Радио Скопје, а подоцна извршувал општествено-политички функции. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1969 година.

Своите први стихови Кирил Бујуклиев ги печати во сп. Стремеж во 1959 година, а потоа песни објавува и во сп. Разгледи и Погледи. Својата прва стихозбирка, Огнови во круг, Бујуклиев ја објавува во 1968 година. Анализирајќи ги песните од ова остварување, Тодор Чаловски потенцира ...

  • Автор

    КИРИЛ БУЈУКЛИЕВ

  • 29.IV 1937, Штип - 9.V 2000, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

 Огнови во круг. 1968 (поезија); Валеријана. 1976 (поезија); На работ на времето. 1982 (поезија); Мигови. 1987 (поезија); Пред идниот изгрев. 1997 (поезија).


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла; Чаловски, Тодор. 1998. „Успешно поетско деби“ во: Критички видувања, стр. 183-188.Скопје: Наша книга.