Живот и дело

Поетеса, општествено-политички работник.

 Лилјана Чаловска била член на СКОЈ од 1939 г. и член на КПЈ од 1940 година. Активно се вклучува во НОБ, и е носител на „Партизанска споменица 1941“. Како дел од редакцијата го уредува првиот број на сп. Млад борец од 22 март 1944 година. Делегат е на Второто заседание на АВНОЈ, како и член на Президиумот на АСНОМ на 2 август 1944 година. По Втората светска војна завршила Виша политичка школа во Белград. Била уредник на дневниот в. Борба од Белград, пратеник во ...

  • Автор

    ЛИЛЈАНА ЧАЛОВСКА

  • 3.ХII 1920, Софија - 20.VII 1997, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија поема


Опус

 Бдение за Виетнам. 1967 (поезија); Антидневник. 1971 (поезија); Пребир. 1972 (поезија); Пергел. 1974 (поезија); Повесница. 1977 (поема); Поморјански песни. 1981 (поезија); Стихови. 1981 (поезија).


Библиографија

 Дабески, Петко. 2013. „Македонската песна во проза“ во: Бденија и виденија: прва антологија на македонската песна во проза, стр. 298-314. Скопје: Антолог.

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла.

Стојчевски, Санде. 1988. „Песни-утоки: поезијата на Лилјана Чаловска.“ Современост бр. 4, стр. 50-59.