Живот и дело

Поет, прозаист, публицист, препејувач, активист во организациите на македонската интелигенција кои ја подготвуваат борбата за ослободување на Македонија.

Роден е во Софија, но неговите родители биле родени во Охрид и емигрирале во Бугарија пред неговото раѓање. Од нив го учи македонскиот јазик, со кој подоцна, кога ќе се впушти во водите на литературата, во неколку наврати ќе ја обликува својата поетска реч, создавајќи неколку песни на охридски говор. Детството на Никола Џеров минало во квартот Јучбунар, во кој главно живееле емигранти. Гимназиското и славистичкото образование ги оформува во Софија. Уште за време на школувањето станува активис...

  • Автор

    НИКОЛА ЏЕРОВ

  • 4. IX.1892, Софија - 1. XI.1971, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија проза расказ автор


Опус

Благословията над света. 1922 (поезија); Охридска пролет: Спомени. 1923 (поезија); В бури: Разкази из макед. освободителна борба. 1926 (проза, во коавторство со Крсто Велјанов); На юг: Разкази и спомени из македонския живот. 1928 (проза); Пролет край езерото. 1930 (поезија); Братоубийството; Кървави парадокси; Жестокото разрушение; Стига кръв! 1933 (поезија); Живата легенда на Охрид. 1934 (поезија); Гергьовденски люлки. 1940 (поезија); На југ: Раскази и спомени од македонскиот живот. 2014 (проза, превод од бугарски јазик: Трајанче Кочоска-Масалкоска).


Библиографија

Ристовски, Блаже. 1974. „Кога стихотворбата требаше да станува песна (Ј. Чешмеџиев, А. К. Попорушев и Н. Џеров)“. Современост бр. 5–6, стр. 463–469; Ристовски, Блаже. 1980. Македонскиот стих 1900 – 1944. Том I и II, Скопје: Мисла; Ристовски, Блаже. 1982.  Пројави и профили од македонската литературна историја. Том  I. Скопје: Студентски збор.