Живот и дело

Поет, есеист, публицист.

 Основното и средното образование ги стекнал во Струга, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Дел од животот поминал во Париз, а работел како новинар во сп. Студентски збор во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 г.

Своите први стихови Мартиноски ги објавува на страниците на сп. Стремеж, и тие подоцна се публикувани во неговата дебитантска поетска збирка Премолчено време во 1982 година. Повеќегодишното живеење на Мартиноски...

  • Автор

    ТРАЈАН МАРТИНОСКИ

  • 19.II 1951, с. Нерези, Струшко - 4.V 1999, Охрид

  • современа книжевност

  • автор поезија автор


Опус

Премолчано време. 1982(поезија); Дулбија. 1998(поезија); Голтки. 1990(поезија); Христовиот син.1994 (поезија); Гробот на Чинго. 1995(есеј); Говорот на цвеќето.1995 (есеј); Одговор на писмото. 1996(есеј); Петнаесет пеења за Карванот на цвеќето на мирот.  1998 (поезија); Брезово – биографија на каменот и цветот. 1998 (патопис); Златен венец на спомените. 1999 (мемоарска проза).


Библиографија

 Јовановиќ, Маринела. 1999. Охридските книжевни творци од Прличев до денес. Охрид: Градска библиотека „Григор Прличев“; Наумоски, Смиле. 1989. „Сето тоа има длабока врска со Македонија (кон стихозбирката Дулбија од Трајан Мартиноски“, во: Далги: списание за литература, уметност и култура, бр. 1, стр. 71-73; Тоциновски, Васил. 1999. „Рацин како поетска инспирација“, во: Поетите за Рацин (прир. В. Тоциновски), стр. 5-21. Велес: Друштво за наука и уметност.